Оваа недела во Скопје, наши професори од Хемиско-технолошката струка учествуваа во дводневна работилница за пренамена на био-отпад во биотехнолошка лабораторија со цел успешна интеграција на ваков вид на содржини во лабораториската пракса во нашето училиште. Наскоро и наши ученици од профилите Хемиски лаборант и Прехранбен техничар ќе земат учество во оваа работилница заедно со ученици од 7 региони од државата за подобрување на нивните вештини и знаења кои ќе им послужат во идните професии.
Регионален натпревар по англиски јазик
Ликовниот конкурс ,,Македонски раси на кучиња, најдрагите придружници на децата”

Државен натпревар по француски јазик “Олимпијада 2023”
08.04.2023 – На државниот натпревар по француски јазик “Олимпијада 2023” за III година, ученичката Елена Јорданова од III5 го освои третото место во категоријата Билингвални паралелки. Ментор: Драган Трпковски
Регионалниот натпревар по физика
Литературен конкурс
Фотогалерија од вчерашниот настан „Средношколски маскенбал„ кој се одржа во спортската сала на нашето училиште СОУ „Св.Кирил и Методиј„ – Неготино
Во рамките на маскенбалското дефиле своите групни и поединечни маски ги презентираа учениците од осмо и деветто одделение од основните училишта „Страшо Пинџур” и „Гоце Делчев” од Неготино, учениците од ООУ „Димче Ангелов Габерот” од Демир Капија како и учениците од нашето училиште СОУ „Св.Кирил и Методиј”. Беше организирана и забавна програма со музички перформанси како и со хумористични точки изведени од страна на учениците. За најдобрите маски од секое училиште, избрани од страна на жири комисијата, беа доделени интересни награди.
Ви благодариме за присуството и се надеваме дека создадовме спомени кои ќе останат запаметени!
„Маскенбал-2023г“
Нашите ученици како дел од забавна програма на градскиот плоштад -„Маскенбал-2023г“
Регионален натпревар по Биологија
Честитки за вложениот труд, упорноста и постигнатите резултати на нашите ученици кои на регионалниот натпревар по Биологија одржан на 17.03.2023г. ги постигнаа следниве резултати:
?Елена Јорданова II награда;
?Анастасија Манчевa II награда;
– ментор Зорица Стојановска,
?Кирил Димитров III награда;
?Ивана Тимова III награда;
– ментор Валентина Манчева.
Честитки за учениците и нивните ментори и им посакуваме понатамошен успех на државниот натпревар.