Денес во нашето училиште беше оддржана теоретска обука за одгледување на печурки
од страна на Кристина Тодорова, претставник на организацијата Ековита – Неготино.

Едукативно предавање на тема “Против насилството во училиштата”
Едукативно предавање на тема “Против насилството во училиштата” реализирано од страна на претставници на МВР, на ден 13.02.2025 год.
Основна цел на едукативната работилница беше подобрување на општата и личната безбедност на учениците во образовната установа, како и намалување на сите облици и типови на насилство помеѓу учениците.
Покрај тоа ваквата едукативна активност во интеракција со учениците од различни класови имаше за цел превенирање на врсничкото насилство и насочување на енергијата на учениците во позитивен правец односно забележување на ризиците и нивно избегнување, како и запознавање со законската регулатива од оваа област.
Посебен акцент беше ставен на појавата на насилно однесување на учениците во самите училишта и во училишните дворови и дека овој вид на насилство е една од највидливите форми на манифестирање на агресивност преку физичките напади, тепачки, сајбер насилство, навреди и омаловажување меѓу врсниците , соучениците, меѓу помалите и постарите ученици како и лица дојдени од надвор во училиштата. Притоа беа презентирани низа можности како да се превенира и спречи таа појава.
Во рамки на едукативното предавања на средношколците им беа презентирани низа начини не само за рана детекција од опасностите туку и околу можностите како да се заштитат пред се себеси и своите врсници од насилството.

Во текот на минатата недела од страна на претставник на здружението на винари на РМ по повод Св.Трифун беше оддржано предавање на тема ,,Македонија на светската винска сцена”.
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Денес ја исполнивме пораката, парчињата облека кои можат да се употребат донирајте ги, старите текстилни парчиња рециклирајте ги! Нашето училиште СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” во соработка со локалната заедница и Еко секцијата се вклучија во собирање и донирање на облека.

Од 1988 година, 1 декември е назначен од ООН како „Светски ден за борба против СИДА“, ден за сеќавање на важната борба против ХИВ и СИДА.
Поаѓајки од значењето на образованието во превенцијата од ХИВ/СИДА, во нашето училиште и оваа година беше реализирано здравствено-воспитно предавање од страна на претставници на Факултетот за медицински науки при Универзитетот ,,Гоце Делчев” – Штип, за одбележување на 1 Декември, како Светски ден на борбата против ХИВ/СИДА.

Европска недела за намалување на отпад
Да рециклираме за подобра иднина, за подобра средина ! Учениците од ЕКО секцијата во нашето училиште во соработка со локалната заедница се вклучија во делење на флаери за намалување на текстилниот отпад и отпадот од органско потекло.





