Училиштен весник ,,Младина”

Ни претставува огромна чест и задоволство да ви го претставиме јубилејното, триесетто издание на училиштниот весник ,,Младина”, списание на учениците од СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино.
Уреднички на новиот број се ученичките: Марија Богевска, Наташа Трајкова, Цветанка Јованова и Јована Богева кои го предводеа тимот новинари: Снежана Витановска, Сара Галабова, Викторија Ристиќ, Јован Тасев, Григориј Ризинов, Елена Костова, Андреа Јовановиќ, Дончо Димитриовски и Крсте Кочовски.
И ова издание се реализираше под менторство на проф. Маја Којчева – Величкова.

Уживајте во читањето:

Весник “Младина”

 

 

 

Одбележан патрониот празник на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино

Со пригодна свеченост, денес беше одбележан патрониот празник на нашето училиште – СОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино. Во чест на великите сесловенски просветители, покровители на училиштето, наставници и ученици подготвија богата културно-уметничка програма со рецитали, музички точки и драмски изведби кои ја доловија важноста на нивното дело за македонската и словенската писменост и култура.

Настанот беше проследен со големо присуство на ученици, наставен кадар, родители и гости. Во своето обраќање, директорката на училиштето ја истакна улогата на Кирил и Методиј како симболи на знаењето, образованието и духовноста, кои и денес остануваат инспирација за младите генерации.

Патрониот празник беше одбележан со гордост, почит и благодарност, а училиштето уште еднаш ја потврди својата мисија како храм на знаењето и просветата.

Ден на емоции, спомени и нови почетоци????????

На 16.05.2025год. нашите матуранти го прославија завршувањето на своето досегашно образование!
Со гордост ги испративме уште една генерација млади луѓе, подготвени за нови предизвици, со насмевки, весела атмосфера и многу емоции.

Им посакуваме среќа, успех и никогаш да не го заборават својот прв чекор кон иднината – нивното училиште.

Честитки, матуранти! Вашето патување продолжува!

 

Матурски бал 2025 – Традиција што продолжува со стил и емоции!

Како и секоја година, и оваа го одбележавме еден од најсвечените и најочекуваните настани во нашето училиште – традиционалниот матурски бал.

Денес нашите матуранти на градскиот плоштад блеснаа во полн сјај, со насмевки, елеганција и гордост. Заедно испишавме уште една незаборавна страница во историјата на училиштето.

Им посакуваме многу успех, среќа и самодоверба во сите идни чекори!

Нека овој настан остане врежан во нивните срца како симбол на завршеток, но и на нов почеток.

Честитки, матуранти!

Проектот „MADE BY US“

 

Уште една прекрасна вест за нашето училиште ! Општина Неготино во соработка со СОУ „Кирил и Методиј “ Неготино ,  аплицираше за грант проект и истиот е одобрен.

Договорот за Соработка е потпишан на 13.05.2025 год и со истиот може да почнеме со реализација.

Проектот  „MADE BY US “ е проект кој е финансиран од страна на Министерството за Надворешни работи на Република Бугарија преку Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија ,преку програмата „Bulgarian Development Aid” – „Бугарска Развојна Помош“ или „ Българска помощ за развитие“

Имплеметатор е Општина Неготино , а корисник СОУ „Кирил и Методиј “ Неготино .Проектот е со времетраење од 10 месеци (13.05.2025 – 13.03.2026 год) и е со вредност од 30 919,93 BGN или 972 260,00 МКД .

Со овој проект ке се набави опрема за средното училиште и тоа :

Лабораториски дигестор

Печка за жарење

Лабораториска сушара од 50 Л

Дехидратор за овошје и зеленчук

Иноксна ферментациска комора изработена по ХАСАП стандарди

3D Печатач

 

Сето оваа ке биде поткрепено со промотивен материјал ( Пулт за продажба , ролл ап банер , кеси, пенкало,тетратка , брошура и лифлета).

Отворен ден на училиштето

Вчера со голема радост го одржавме Отворениот ден и им посакавме добредојде на деветоодделенците од основните училишта. Учениците имаа можност поблиску да се запознаат со просториите, наставниците, учениците и, секако, со образовните профили кои ги нуди нашето училиште.

Им ги претставивме сите струки кои се дел од нашата богата образовна понуда:

• Гимназиско образование и билингвална паралелка – за ученици кои сакаат широко образование и се подготвуваат за високо образование.

• Хемиско-технолошка струка – за љубителите на природните науки, лабораториска работа и истражувања како и за оние кои се интересираат за производството на храна.

• Електротехничка струка – за идни техничари и инженери кои сакаат да работат со електроника, автоматика и компјутери.

• Економско-правна и трговска струка – за ученици заинтересирани за економија, бизнис, е-трговија, дигитален маркетинг и право.

Гостите учествуваа во креативни работилници, презентации и дружење со сегашните ученици, кои со задоволство ги споделија своите искуства и успеси.

Посебна благодарност упатуваме до нашите партнери – компаниите соработници за практична настава, кои го збогатија настанот со свои штандови. Нивното присуство им овозможи на учениците директен увид во реалната работна средина и значењето на практичната настава за нивниот професионален развој. (Intekar Global, PRO ZDENKA, HBT Elektronik, PROTERM, AD ESM-Подружница ТЕЦ Неготино, КИМ Неготино и Корона Душко ДОО.)

Им благодариме на сите деветоодделенци и нивни наставници за посетата – со нетрпение ве очекуваме од септември како дел од нашето училишно семејство!

 

Генералка викенд

Чиста животна средина -подобро здравје, достоинствен живот и одговорно општество

Викендот по втор пат учениците и вработените од СОУ Св. Кирил и Методиј -Неготино се вклучија во акцијата Генералка Викенд – со чистење на локацијата околу нашето училиште.

Заедно за почиста и поздрава животна средина !

Регионалниот натпревар по македонски јазик и литература

На регионалниот натпревар по македонски јазик и литература одржан на 26 април 2025 година, нашите ученици постигнаа голем успех и се стекнаа со право за учество на државниот натпревар.
Тие ги постигнаа следниве резултати:
Благица Јованова I-1/88 поени (ментор Кристина Јованова);
Марија Атанасова II-1/78 поени (ментор Александар Гичовски);
Каролина Маркова III-4/80 поени (ментор Наташа Јанева).
Честитки до сите ученици со желба за успех на државниот натпревар.