Видео презентација СОУ „Св.Кирил и Методиј„ – Неготино
КОНКУРСНИ РОКОВИ
Учебна 2020/2021
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања.
Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година.
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
- да имаат завршено основно образование
- да не се постари од 17 години
- да се определиле за план и програма од наведените во Конкурсот (гимназиско образование, стручно образование и обука)
- да ги исполнуваат критериумите утврдени со Конкурсот
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна; исто така истата може да ја симнете на следниот линк: пријава за уписи);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).