ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна; исто така истата може да ја симнете на следниот линк: пријава за уписи);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).