Почеток на наставната 2017/2018 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

СОГЛАСНО КАЛЕНДАРОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАВНАТА 2017/2018 ГОДИНА ВО ЈАВНИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА(Сл.Весник на РМ 116/2017) НАСТАВНАТА 2017/2018 година започнува на 04.09.2017 година (понеделник) со следниот распоред на смени:

I смена  I и III година од 07:00 часот

II смена  II и IV година од 13:00 часот

СОУ„Св.Кирил и Методиј“-НЕГОТИНО УПИСИ 2017/2018

ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ПРВА ГОДИНА ЗА УЧЕБНАТА 2017/2018Г ВО ЈУНСКИОТ УПИСЕН РОК

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни 2017 година од 07:30h до 15:00h, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2017 година.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули 2017 година од 07:30h до 15:00h, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули 2017 година.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ПРВА ГОДИНА ЗА УЧЕБНАТА 2017/2018Г ВО АВГУСТОВСКИОТ УПИСЕН РОК

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август 2017 година од 07:30h до 15:00h, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2017година.

Предавање на Седрик ВИЛАНИ

На ден 08.04.2017, во гимназијата „Св.Кирил и Методиј“ во Неготино се одржа предавање на Седрик ВИЛАНИ, светски славен француски математичар, професор на Универзитетот Лион 1,   директор на Институтот Анри Поенкаре,  член на Француската академија на науките и уметностите

и добитник на престижната награда Филдс 2010, најпрестижната награда во математиката, често сметана како еквивалент на Нобеловата награда, бидејќи таа не постои за оваа дисциплина.
Неговите главни теми на истражување се кинетичката теорија и примената на оптимален транспорт, за што напишал две референтни книги: „Тематики во оптималниот транспорт“ (2003) и „Оптимален транспорт, во минатото и денес“ (2008). Автор е, исто така, и на следните дела: „Жива теорема“ (2013) и „Куќата на математиката“ (2014).

 

Учениците и професорите имаа ретка можност да го слушнат предавањето на еден од врвните математички амбасадори и поп-промотор на математиката.

Неговото предавање беше динамично, емотивно, импресивно, а воедно интересно за учениците.

Г-нот Вилани ни направи голема чест гостувајќи во нашето училиште бидејќи единстеното предавање го имаше претходниот ден во МАНУ.

 

Билингвална паралелка – Кутанс

По покана на г-от Савари, професор по историја во гимназијата Шарл Лебрен од Кутанс (Франција) и воедно претседател на асоцијацијата “Патеки на Спомени“(Sentiers de la mémoire), нашата гимназија беше претставена од професорот Драган Трпковски и 5 ученици од билингвалните паралелки. Тие претстојуваа од 3 до 13 март 2017 во градот Кутанс во областа Нормандија (Франција) на 6-та меѓународна конференција на тема: „Холокаустот на Ромите за време на Втората светска војна“.

Нашите ученици учествуваа на разни конференции, филмски проекции, дебати и сведоштва на преживеани луѓе од разни војни.

Покрај нашите ученици, на оваа конференција зедоа учество исто така гимназијалци од Германија, Србија, Хрватска, Р. Чешка и од градот Кутанс.

Со оглед на тоа дека во нашето училиште имаме билингвални паралелки, директорот на гимназијата во Кутанс ни предложи дека можеме да одбереме еден или двајца ученици од нашата гимназија да престојува еден до два месеци во нивното училиште поради усовршување на францускиот јазик, секако на товар на француската гимназија.

Се надеваме дека оваа посета ќе прерасне во подолготрајна врска и дека следен чекор би бил збратимување со гимназијата во Кутанс.

 

Еднодневна екскурзија

Спојот на младоста, уметноста, умешноста, спортскиот ентузијазам, амбициозноста на учениците и наставниот кадар го акцентираа денешниот  ден 21.3.2017 (вторник) преку реализација на еднодневна екскурзија до локалитетот „Антигона“ , еколошката и ликовната акција во училиштето, како и уживање во велосипедизмот.
Младоста е раздобје кое нема граници, кое умее да твори, да обновува и да го сочува и цени тоа што го има, а денешниот ден дишеше во ваква продуктивна атмосфера.

 

 

 

РАСПОРЕД НА ЧАСОВИ

Претпладне                             Попладне

1 час 7.00-7.45                    1 час 13.00-13.45
2 час 7.50-8.35                   2 час 13.50-14.35
3 час 8.50-9.35                  3 час 14.50-15.35
4 час 9.40-10.25                4 час 15.40-16.25
5 час 10.30-11.15               5 час 16.30-17.15
6 час 11.20-12.05               6 час 17.20-18.05
7 час 12.10-12.55                7 час 18.10-18.55

Наставниот час  во училиштето трае 45 минути, а часот по практична настава и вежби трае  60 минути.