Компјутерска техника и автоматика
Електротехничар за компјутерска техника и автоматика врши интервенции од електротехничка природа на ИТ опрема и автоматизирани процеси; програмира компјутерски системи и автоматизирани процеси со примена на програмски јазици; самостојно работи со бази на податоци; инсталира, одржува и сервисира компјутери, компјутерски мрежи и периферна компјутерска опрема; работи со интелигентни системи и роботи; извршува интервенции при визуелна и програмска изведба на веб-страници и применува стандарди при работа со компјутерска технологија и др.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи во различни работни средини како што се: ИКТ индустријата, компјутерски мрежи, интелигентни и роботски системи, веб-дизајн, производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, осветлување на отворени и затворени површини, автоматизирани индустриски погони, станбени објекти, установи за јавни услуги, медиуми, установи за туризам, угостителство, образование, наука, здравство, земјоделие и др., како и да развива сопствен бизнис.
Исто така, ќе може да извршува работни задачи како:
Техничар за роботика и интелигентни системи;
Оператор на бази на податоци;
Техничар за процесна автоматика;
Техничар електроничар за компјутери;
Техничар за компјутерски системи и мрежи;
Веб – техничар и Техничар на информатичко комуникациски технологии (ИКТ) за поддршка на корисници и на други работни места согласно квалификацијата.
Образовен профил електротехничар-енергетичар
Образовниот профил Електротехничар-енергетичар може да работи во различни работни средини како што се: производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, осветлување на отворени и затворени површини, индустриски погони, станбени објекти, установи за јавни услуги, сервиси за куќни апарати, медиуми, установи за туризам, угостителство, образование, наука, здравство, земјоделие и др., како и да развива сопствен бизнис. Исто така, ќе може да извршува работни задачи како: Електротехничар за електрични инсталации и осветлување; Електротехничар за комуникации, мерења и управување во електроенергетиката; Електротехничар за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија; Оператор на електрични машини и електромоторни погони и Оператор на електрични апарати и уреди за домаќинство и погон и на други работни места, согласно со квалификацијата.
Како училиште имаме одговорност да ги насочиме, инспирираме и поттикнеме нашите ученици.
Кога се наоѓате на крстопат за да изберете средно училиште, ви препорачуваме да видите што имаме да понудиме и да земете предвид дека нашата цел е да ви помогнеме да се соочите со современиот свет и со неговите барања.
Како училиште насочено кон семејството, сметаме дека учениците и нивните семејства се дел од училиштето, дел од заедницата и се стремиме да го дадеме само она што е најдобро за нив.
Знаењето и вештините со кои ќе се стекнат учениците во СОУ „Св Кирил и Методиј”- Неготино и нашата посветеност за нивниот професионален развој, ќе им овозможат остварување на сите замисли за сопствената професионална иднина.
Гимназиско образование со француска билингвална паралелка
КОНКУРС за запишување ученици во СОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ НЕГОТИНО
Средношколски весник ,,Младина” 2024
Почитувани, ќе ни биде чест да го прочитате новото издание на средношколскиот весник ,,Младина” – списание на учениците во СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино. Благодарност до сите членови на медиумскиот клуб ,,Младина” и до сите наши читатели и поддржувачи.
Oтворен ден на училиштето СОУ ,,Св. Кирил и Методиј”

СОУ„Св.Кирил и Методиј“ – Неготино на Меѓународната филозофска олимпијада во Хелсинки, Финска
Горди на најголемиот успех
Нашата ученичка Елена Јорданова од IV5 ќе учествува на Меѓународната филозофска олимпијада во Хелсинки, Финска(16-19 мај) под менторство на проф Даниела Гражданлиева. На 30.03.2024 год во Скопје се одржа македонскиот натпревар за Меѓународната филозофска олимпијада на која нашата ученичка Елена Јорданова го освои првото местосо што се пласира на финалниот натпревар.
На истиот учествуваа и нашите ученички Андреа Јовановска и Марија Пенкова на кои им честитаме за нивното учество.
Им посакуваме голем успех на нашата ученичка и нејзиниот ментор на натпреварот во Хелсинки.
По повод Месецот на Франкофонијата, на ден 7 март 2024, 12 ученици од II, III и IV година билингвални паралелки учествуваа на еднодневната работилница насловена “Млад франфофонски парламент- Јас имам став” што се одржа во Собранието на Р. Македонија.
Нашите ученици дебатираа на француски јазик на тема “Иселување на младите” и за кратко можеа да бидат пратеници преку симулација на разгледување предлог. На настанот учествуваа и останатите градови со билингвална франкофонска настава како и амбасадорите на Р.Франција, г-ин Сирил Бомгартнер како и амбасадорката на Швајцарија, г-ѓа Вероник Улман.
A l’occasion du Mois de la Francophonie, le 7 mars 2024, 12 élèves des classes bilingues de la IIe, IIIe et IVe année ont participé a l’atelier “Jeune Parlement francophone”- J’ai mon opinion” qui s’est tenu au Parlement de la R. de Macédoine.
Nos élèves ont débattu en français sur le thème “ La fuite des cerveaux” et ont pu, pendant une courte période devenir députés grâce a une simulation de proposition de loi. D’autres villes à enseignement bilingue francophone ont également participé à l’évènement, ainsi que les ambassadeurs de France, M. Cyril Baumgartner et l’ambassadrice de Suisse, Mme Véronique Hulman.