Kонкурс за најдобар есеј, поема и цртеж за Денот на Екологијата

Младинската организација на СОУ “Св. Кирил и Методиј” – Неготино распишува конкурс за најдобар есеј, поема и цртеж за Денот на Екологијата. Како што е наведено, право на учество имаат сите ученици во училиштето, а истите можат да изработат повеќе трудови на дадените теми и да ги испратат најдоцна до 15.03.2021 на е-маил nevenkadisheva9@yahoo.com.

Есеите и поемите треба да бидат пишувани во word документ, а за цртежите потребно е да испратите слика. Наградите за најдобри трудови ќе бидат доделени на 21.03, Денот на Екологијата, во нашето училиште, откако ќе биде одржана еколошка акција од страна на учениците во истото.

Ајде ученици, да зборуваме за неправдата која ѝ ја нанесуваме на природата, но и заедно да најдеме решенија коишто би ја прекинале истата. Немаме втора природа, вреди да се грижиме за оваа која ја имаме.