Отворен ден на училиштето

Вчера со голема радост го одржавме Отворениот ден и им посакавме добредојде на деветоодделенците од основните училишта. Учениците имаа можност поблиску да се запознаат со просториите, наставниците, учениците и, секако, со образовните профили кои ги нуди нашето училиште.

Им ги претставивме сите струки кои се дел од нашата богата образовна понуда:

• Гимназиско образование и билингвална паралелка – за ученици кои сакаат широко образование и се подготвуваат за високо образование.

• Хемиско-технолошка струка – за љубителите на природните науки, лабораториска работа и истражувања како и за оние кои се интересираат за производството на храна.

• Електротехничка струка – за идни техничари и инженери кои сакаат да работат со електроника, автоматика и компјутери.

• Економско-правна и трговска струка – за ученици заинтересирани за економија, бизнис, е-трговија, дигитален маркетинг и право.

Гостите учествуваа во креативни работилници, презентации и дружење со сегашните ученици, кои со задоволство ги споделија своите искуства и успеси.

Посебна благодарност упатуваме до нашите партнери – компаниите соработници за практична настава, кои го збогатија настанот со свои штандови. Нивното присуство им овозможи на учениците директен увид во реалната работна средина и значењето на практичната настава за нивниот професионален развој. (Intekar Global, PRO ZDENKA, HBT Elektronik, PROTERM, AD ESM-Подружница ТЕЦ Неготино, КИМ Неготино и Корона Душко ДОО.)

Им благодариме на сите деветоодделенци и нивни наставници за посетата – со нетрпение ве очекуваме од септември како дел од нашето училишно семејство!