Едукативно предавање на тема “Против насилството во училиштата” реализирано од страна на претставници на МВР, на ден 13.02.2025 год.
Основна цел на едукативната работилница беше подобрување на општата и личната безбедност на учениците во образовната установа, како и намалување на сите облици и типови на насилство помеѓу учениците.
Покрај тоа ваквата едукативна активност во интеракција со учениците од различни класови имаше за цел превенирање на врсничкото насилство и насочување на енергијата на учениците во позитивен правец односно забележување на ризиците и нивно избегнување, како и запознавање со законската регулатива од оваа област.
Посебен акцент беше ставен на појавата на насилно однесување на учениците во самите училишта и во училишните дворови и дека овој вид на насилство е една од највидливите форми на манифестирање на агресивност преку физичките напади, тепачки, сајбер насилство, навреди и омаловажување меѓу врсниците , соучениците, меѓу помалите и постарите ученици како и лица дојдени од надвор во училиштата. Притоа беа презентирани низа можности како да се превенира и спречи таа појава.
Во рамки на едукативното предавања на средношколците им беа презентирани низа начини не само за рана детекција од опасностите туку и околу можностите како да се заштитат пред се себеси и своите врсници од насилството.