Хемиски лабораториски техничар

Хемиски лабораториски техничар
Извршува лична подготовка и подготовка на работното место со примена на прописи и стандарди на работно место; изведува сензорска и квалитативна анализа на примерокот (вода, воздух, почва, суровини и полупроизводи, готови производи од прехранбена, неорганска и органска индустрија); изведува квантитативна анализа на примерокот, врши едноставни рутински работи на терен и во производните процеси; пресметува и обработува податоци добиени од извршените хемиски испитувања. Со стекнување на квалификацијата, ученикот ќе може да работи на оперативни работи во хемиска лабораторија како Контролор на отпад и опасни материи, Контролор на емисија на гасови од стационарни извори, Контролор на квалитет на производи и материјали, Оператор за хемиски анализи, Контролор на квалитет на вода, Хемиски-процесен оператор, како и на други работни места од областа во трговски друштва кои се занимаваат со преработка и производство на прехранбени производи, лекови, земјоделски хемиски средства, козметички средства, хартија, горива, детергенти и слично, физички и правни лица кои се занимаваат со научно-истражувачка дејност, хемиски лаборатории.

Kликнете овде за да се запознаете со струката Хемија и технологија