Новинарите од Телевизија Страшо Пинџур (ОУ”Страшо Пинџур” -Неготино) заедно со нашите колеги ви ги претставуваат образовните можности кои ги нуди нашето училиште.
Работилница “Био-технологија во мојот свет – Програма за искуствено учење”
Минатата недела во Велес, наши ученици од профилот Хемиски лабораториски техничар од I, II, III и IV год. земаа учество во дводневната работилница “Био-технологија во мојот свет – Програма за искуствено учење” во рамките на програмата “Bio-hack my world” спроведена во соработка со UNICEF, UNDP и ЦСОО. Обуката беше реализирана од универзитетски професори од Технолошко-металуршки факултет, Земјоделско-шумарски факултет и Економски факултет, а како ментори на работилницата и на учениците беа проф. Елена Илиевска Честојнов и проф. Думеника Јанева кои претходно учествуваа на ваква работилница. На обуката учениците имаа можност да изведуваат интересни експерименти каде преку употреба на био отпад се добива производ кој може да најде примена во нашето секојдневие, а воедно со тоа и да се зачува животната средина.
Отворени денови на училиштето 10-11 мај 2023
За време на отворените денови на училиштето имавме прекрасна можност да се дружиме со идните средношколци кои можеа да се информираат за можностите кои ги нуди нашето училиште и стручните профили во три струки:
? гимназиско образование,
?електротехничка струка и
? хемиско-технолошка струка.
Отворените денови се супер можност идните ученици и родители да остварат непосредна комуникација со наставниот кадар и педагошко-психолошката служба во училиштето и директно да се запознаат со различните активности, наставните планови и програми, како и со условите за работа во училиштето.
СОУ ,,Св. Кирил и Методиј“ – Неготино ви нуди можност да изберете современи наставни профили за продолжување на вашето образование и успешна иднина.
Благодарност до учениците од основните училишта кои нѐ посетија и ни го збогатија настанот.
Се надаваме учениците ќе се пронајдат во понудените профили и подрачја и ќе ни се придружат од наредната учебна година.
Благодарност и до Euronickel Industries, Технички Институт Македонија, Корона и Дрекслмајер кои земаа активно учество на настанот како наши соработници за реализација на практичната настава.
Не заборавајте дека избирајќи го СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино, избирате безбедна училишна средина со современа настава и можност да ја изразите вашата креативност!
Сите информации поврзани со уписот на ученици во прва година за учебната 2023/24 може да ги најдете на следниов линк: http://kirilimetodij.edu.mk/настава/упис/
Ве очекуваме!
Отворени денови на училиштето
Оваа недела во Скопје, наши професори од Хемиско-технолошката струка учествуваа во дводневна работилница за пренамена на био-отпад во биотехнолошка лабораторија со цел успешна интеграција на ваков вид на содржини во лабораториската пракса во нашето училиште. Наскоро и наши ученици од профилите Хемиски лаборант и Прехранбен техничар ќе земат учество во оваа работилница заедно со ученици од 7 региони од државата за подобрување на нивните вештини и знаења кои ќе им послужат во идните професии.
Регионален натпревар по англиски јазик
Ликовниот конкурс ,,Македонски раси на кучиња, најдрагите придружници на децата”

Државен натпревар по француски јазик “Олимпијада 2023”
08.04.2023 – На државниот натпревар по француски јазик “Олимпијада 2023” за III година, ученичката Елена Јорданова од III5 го освои третото место во категоријата Билингвални паралелки. Ментор: Драган Трпковски