Генералка викенд

Чиста животна средина -подобро здравје, достоинствен живот и одговорно општество

Викендот по втор пат учениците и вработените од СОУ Св. Кирил и Методиј -Неготино се вклучија во акцијата Генералка Викенд – со чистење на локацијата околу нашето училиште.

Заедно за почиста и поздрава животна средина !

Регионалниот натпревар по македонски јазик и литература

На регионалниот натпревар по македонски јазик и литература одржан на 26 април 2025 година, нашите ученици постигнаа голем успех и се стекнаа со право за учество на државниот натпревар.
Тие ги постигнаа следниве резултати:
Благица Јованова I-1/88 поени (ментор Кристина Јованова);
Марија Атанасова II-1/78 поени (ментор Александар Гичовски);
Каролина Маркова III-4/80 поени (ментор Наташа Јанева).
Честитки до сите ученици со желба за успех на државниот натпревар.

Промоција на училиштето

Избери сигурен чекор кон твојата иднина!
СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино ти нуди современо образование, стручно насочено кон професии со иднина и поддршка за твојот личен и професионален развој.

Во нашето училиште може да избираш помеѓу следните образовни профили:

– Гимназиско образование:
Идеално за ученици кои сакаат солидна основа за натамошно студирање и развој во различни области.

*општествено- хуманистичко и природно-математичко подрачје
*билингвална паралелка (македонско – француска)

– Сектор: Електротехника
Совршен избор за ученици кои сакаат технологија, иновации и практична работа. Ќе стекнеш знаења од електроника, автоматика, компјутерски мрежи, електрични инсталации… Ќе работиш со современа опрема и ќе бидеш подготвен за директна вклученост на пазарот на труд или за понатамошно техничко и инженерско образование. Овој сектор е темел за идни инженери, техничари и ИТ стручњаци.

Профили: електротехничар за компјутерска техника и автоматика, електротехничар за компјутерска техника и автоматика (дуална паралелка), електротехничар-енергетичар.

– Сектор: Хемија и технологија
Развивај се во насока на лабораториска работа, производство и контрола на квалитет, со многу практична настава.

Профили: хемиско-лабораториски техничар, прехранбен техничар (дуална паралелка).

– Сектор: Економија, право и трговија
Современ профил за млади креативци кои сакаат да учат за онлајн трговија, маркетинг на социјални мрежи, креирање содржини и водење дигитални кампањи.

Профил: Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг

Зошто да не бидеш дел од успехот?
Имаме посветени наставници, одлични услови за настава и поддршка за секој ученик.
Избери го СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино и изгради ја својата иднина со нас!

Уште еден исполнет ден. Го реализиравме пролетниот ден во нашето училиште со Еко активности. Засадивме дрвца Јапонски цреши, Пауловнија и Акација. Разубавена е аулата со зелена ограда, декоративни саксии и жардињери.

Честитки за постигнатите резултати и вложениот труд на учениците Ристе Димов II4, Весна Јаневска IV4 (ментор Марија Пенкова) и Драги Аризановиќ II5 ( ментор Снежана Трајкова) кои го претставуваа нашето училиште на XXXIII Регионален натпревар по информатика што се одржа на 1.3.2025г во Кавадарци. Ученикот Ристе Димов доби III награда и е повикан на Државен натпревар по информатика. Му посакуваме многу успех.

На 14 март 2025год. на Републичкиот натпревар за спелување по француски јазик, акредитиран од МОН, учестуво земаа ученици и од нашето училиште. Ученичката Марија Атанасова од II1 освои III место, додека ученикот Давид Петров од II4 освои VI место. Нивен ментор е проф.Трајче Бинов.
Натпреварот се оддржа на Филолошкиот факултет во Скопје.

Честитки до учениците и до нивниот ментор!

Еднодневна екскурзија до Музеј на град Неготино

Во рамки на својата годишна програмата за работа на училиштето според која се предвидени годишни екскурзии и еднодневни посети, денес учениците од нашето училиште го посетија Музејот на град Неготино каде од одговорните во Музејот добија значајни информации за работата на истиот а ги разгледаа и поставките изложени токму таму.

Дел од учениците од четврта година, во училиштето се подготвуваа за традиционалниот матурски бал кој ќе се оддржи и оваа година.

Кариерно советување
25.02.2025г. (вторник)

Националниот младински совет на Македонија (НМРМ) во соработка со Мрежа Стела како дел од проектот “Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија” реализираат сесии за менторство и кариерно советување во сите училишта во РСМ.

 

Двете сесии ќе ги спроведат ментори од НМРМ во библиотеката на училиштето.

 

На 21.02.2023г. се оддржа предавање на тема: “Популаризација на воената професија”, од страна на професионални лица од АРМ за учениците од III и IVгодина.

Денес во нашето училиште беше оддржана теоретска обука за одгледување на печурки
од страна на Кристина Тодорова, претставник на организацијата Ековита – Неготино.