Известување до родителите

СОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Неготино Ве информира дека заради новонастанатата состојба со корона вирусот, почетокот на новата учебна година ќе започне  според протоколите од страна на МОН и Центарот за јавно здравје.

 

Од страна на училиштето треба да бидат преземени низа мерки за заштите на децата и вработените, а една од нив е и изјаснувањето на родителите, кој вид на настава го избираат:

а)комбинирана настава
б)со физичко присуство
в)online

 

Токму поради тоа, ги замолуваме родителите, чии деца се запишани во прва година, од било која струка во СОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Неготино, да испратат податоци на e-mail  адресите на  класните  раководители, најдоцна до 28.08.2020 год.

 

ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ 

  • ПМА: Мирјана Христова   mirjanahristova@ymail.com
  •  ПМБ: Елизабета Костадинова  elizabetakostadinova100@yahoo.com
  • ОХА: Сузана Стоева  suzana.stoeva2@yahoo.com 
  • ОХБ: Киро Јованов  kiro.jovanov@yahoo.com
  • Билингвална паралелка:  Драган Трпковски  francbeti@hotmail.com

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА 

  • насока: ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И АВТОМАТИКА (да се испрати на еден од следните наставници)
    -Снежана Трајкова   trajkova_snezana@yahoo.com
    -Тодор Пашлаков  todistgut85@gmail.com
  • насока: ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР ЕНЕРГЕТИЧАР
    Ристе Јанков  jankov_riste@yahoo.com

Струка: ХЕМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА

  •  насока: Хемиски лабораториски техничар
    Елена Илиевска Честојнов  elena_mk@ymail.com
  • насока:  Прехранбен  техничар
    Билјана Ташкова  btaskova@yahoo.com 

Разубавување и расчистување на училишниот двор

На ден 13.08.2020 година, но и во текот на распустот, во нашето училиште се одржа акција под мотото “Разубавување и расчистување на училишниот двор”.

Огромна благодарност до сите што учествуваа во акцијата, но посебна благодарност до учениците членови на ЕКО во нашето училиште.

МОН го објави повикот за доделување еднократен надомест до 3.000 денари за купување на училишен прибор

Министерството за образование и наука објави повик за аплицирање за еднократна финансискa поддршка од 3.000 денари за купување училишен прибор за ученици запишани во јавните средни училишта во 2020/2021, кои се од семејства со ниски примања, согласно со уредбата со законска сила донесена во јуни.

 Финансиска поддршка за купување на училишен прибор се доделуваат на ученици кои се државјани на Република Северна Македонија, запишани како редовни ученици во јавните средни училишта во Република Северна Македонија во учебната 2020/2021 година, постари од 16 години на денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила и се членови на семејно домаќинство во кое остварениот просечен месечен доход во семејството по сите основи за 2019 година не е поголем од просечната исплатена нето плата по вработен за месец март 2020 година, објавена од Државниот завод за статистика, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи (во натамошниот текст: ученици).

Училишен прибор, се: тетратки, листови за боење (блок за цртање), прибор за пишување, прибор за боење, бои, училишни торби (ранци), гуми за бришење, острилки за моливи, прибор за пенкала и моливи, технички моливи, калкулатори, глина за моделирање, линијари, шестари, лектири, брајова хартија, како и спортска опрема (спортски обувки и спортска маица и спортски панталони) за потребите на наставата за спорт и спортски активности.

 

Начин на пријавување

Учениците кон пријавата до Министерството за образование и наука во печатена форма или преку интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, односно www.digjitalizohu.mon.gov.mk ги доставуваат/прикачуваат следните докази:

 – потврда од училиштето дека е редовен ученик запишан во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година,

 – за финансиската состојба на семејното домаќинство на ученикот, односно неговото потесно семејство,

 – потврда за последна остварена плата на вработените членови на семејно домаќинство за 2019 година (за родителите – старатели вработени во државни и јавните установи да се достави/прикачи потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите – старатели вработени во приватни фирми да се достави/прикачи потврда за плата како и заверена декларација за плата); за пензионираните членови на семејството да се достави/прикачи документ за висина на пензија – чек; за разведени родители да се достави/прикачи доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен доход, за корисници на социјална помош да се достави/прикачи последно решение или последен чек,

 – изјава за користење на личните податоци на ученикот и неговото потесно семејство (родители – старатели, браќа, сестри), со која ученикот се согласува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка.

 Рокот за пријавување на учениците на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, односно www.digjitalizohu.mon.gov.mk или доставување на документите во Министерството за образование и наука трае до 17.08.2020 година.

 Министерството за образование и наука изготвува Листа на корисници на средства за купување на училишен прибор и ја објавува на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, односно www.digjitalizohu.mon.gov.mk најдоцна до 10 септември 2020 година и ја доставува до банките издавачи на домашна платежна картичка.

 

Честитки за наградата на Симона Миладинова

Честитки на Симона Миладинова, наша сограѓанка која студира во Франција, за освоеното прво место за изработен проект на тема: Унапредување на средното стручно образование , преку размена на искуства од стрна на стучни лица, наставници и ученици .


Симона го избра нашето училиште, направи консултација за можностите и капацитетите на објектот, струките и наставниот кадар, а истовремено го претстави и на  Градоначалникот на Општина Неготино, од каде се наиде на целосно разбирање и расположение за работа, за  проект, кој тогаш беше во почетна фаза.

Се надеваме дека проектот ќе го реализираме до крај, со што ќе имаме придобивка како училиштето така  и дел од бизнис секторот.

На нашата млада сограѓанка Симона ќе и посакаме: многу проекти, награди и перфектна кариера во областа на науката која ја има избрано како нејзин животен предизвик.

Честитки до нашата Анета Трајкова за нејзиниот голем успех на студиите во Франција!

Честитки до Анета Трајкова, поранешна ученичка во СОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Неготино за постигнатите успеси и големиот напредок во образованиетo, со што го промовира нашето училиште и нашата држава воопшто, односно темелот на знаењето, кој го има понесено од тука. Од наша страна ќе и посакаме многу успеси во кариерата и научните достигања, да ти бидат ѕвезда водилка во животот.

Извор: Француски институт во Скопје
https://www.facebook.com/if.skopje/photos/a.267230923304560/3597308980296721/?type=3&theater

Ученик на генерацијата 2016-2020 година

Според Правилникот за номинирање, избор и прогласување на ученик на генерација и пофалени ученици при СОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Неготино,  Наставничкиот совет по предлог на комисијата за избор на ученик на генерацијата 2016-2020 го прогласи ученичкот Пане Андов од билингвална паралелка – IV5,  за ученик на генерацијата 2016-2020 година.

     Пане Андов, ученик на генерацијата 2016-2020г.

„Секој голем сон започнува од сонување. Секогаш памти: Во себе имаш сила, трпение и страст да ги допреш ѕвездите како би го променил светот.“

 

Освоени награди, учества и пофалници:

  • I место Републички натпревар по Француски јазик “Олимпијади 2019”- Скопје 2019
  • III место на Републичкиот натпревар по француски јазик “Спелување 2017”- Скопје 2017
  • II место на меѓународниот натпревар по француски јазик “Олимпијади 2020” во категоријата усно изразување- Молдавија 2020
  • специјална награда на натпреварот за дебати во рамките на проектот “Патеките на спомените”- Кутанс 2019 (Франција)
  • образовен и педагошки престој во гимназијата Лебрен од Кутанс (Франција)- септември и октомври 2018, школска размена со гимназијата Малерб од Каен (Франција)
  • Пофалница од државен натпревар по математика 2018 г.
  • III место од регионален натпревар по математика

Воедно, му посакуваме успешни студии на Универзитетот во Марибор, Факултет за електротехника, насока Роботика.

Исто така, наставничкиот совет ги пофали сите номинирани ученици за вложениот труд и постигнат успех на натпревари и училишни активности/проекти и континуиран одличен успех во генерацијата 2016/2020 год.

Честитки и до учениците за освоено I, II, III место на распишаниот Литературен конкурс по повод Патрониот празник на училиштето на тема: Бисерот од школката на Кирил и Методиј.
Прво место: Јована Анѓелковска III 5
Второ место : Аделина Леа Марангу II 5
Трето место: Елена Тимова III 5

Известување за третото пријавување за упис на ученици во прва година за учебната 2020/21г.

трето ПРИЈАВУВАЊЕ ВО ЈУНСКИОТ УПИСЕН РОК

Во врска со уписот на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година коj ќе се реализира на 29 јуни 2020 година во период од 07:00 до 13:00 часот, а со цел да се почитуваат препораките дадени од надлежните институции заради настанатата ситуација со вирусот COVID 19, Ве замолуваме доследно почитување и придржување кон следниот:

Азбучен ред од презимето на ученикот,согласно со Протоколот за упис од МОН

За 29.06.2020 важи следната временска рамка:

07 – 09 часот за презимиња од А – Ж

09 – 11 часот за презимиња од З – М

11 – 13 часот за презимиња од Н- Ш

Резултатите од третиот уписен рок ќе бидат објавени на 30 јуни.

Ве известуваме дека поради било какви причини ученикот не стигне во временската рамка за упис уредно ќе му бидат примени документите ,но кога ќе се створат услови пропишани со Протоколот за упис.

Учениците треба да имаат пополнети и комплетирани документи при влезот во училиштето.

Со почит кон колегата

in memoriam

Почитувани ,

СОУ,,Св. Кирил И Методиј “,  со огромна тага и болка, ги информира сите  вработени, ученици, родители и пријатели  дека  нашиот колега, пријател , другар… и пред се – човек со големо срце, проф- Марјан Алтанџиев ненадејно почина и прерано не напушти  на ден  27.06.2020г.

Професорот Марјан Алтанџиев е роден на 07. 11. 1977 во Неготино. Основно и средно училиште завршува во Неготино, по што се запишува на класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во 2004 година се вработува како професор по латински јазик во СОУ,,Св.Кирил и Методиј”- Неготино.

 Нашиот Марјан, колегата Марјан… професорот Марјан…

Замина тивко, замина нечујно… замина како личност која секогаш го даваше најдоброто од себе …

Но, животот е понекогаш суров !!!

Не напушти професорот кој што го почитуваа  и вреднуваа сите, а пред се , учениците… а сите знаеме  дека нема поголем вреднувач и оценувач на работата на наставникот од  учениците. Ги подучуваше твоите ученици да бидат добри и воспитани деца,  да знаат да го користат латинскиот јазик кога ќе им биде потребен. Но не успеа тоа да го сториш и со идните генарации, смртта ја попречи твојата мисија.  Го почитуваа и сакаа и учениците и вработените. А знаете сите зошто…. заради професионалноста и колегијалноста.  Беше полн со живот, полн со знаење и професорска љубов која ја  пренесуваше на учениците.  Полн со почит и професионалност која ја споделуваше со колегите и родителите.

Замина и зад себе остави огромна празнина, тага , неверување и плач. Зборовите се премалку за да ја искажат тагата , болката и неверувањето за прераната загуба на нашиот колега, професор, другар, пријател… замина без последен поздрав…

Нашето училиште, образованието во општина Неготино, учениците, вработените во СОУ,,Св.Кирил и Методиј”- Неготино денес изгубија многу.

Изгубија професор, личност, а пред се – човек!!!

Премалку е се ова за крај, за ваков крај. Почивај во мир, секогаш ќе останеш во нашите срца.

Со почит кон твоето дело и се што направи за развојот на воспитно-образовниот процес во СОУ,,Св.Кирил и Методиј”- Неготино и  во општина Неготино.

Од твоите колеги , ученици, вработени и сите кои те познаваа… Вечна слава!

 

 

Со посвета кон нашиот колега, професор, пријател и другар

Професор, Марјан Алтанџиев

 

 

Втор уписен рок на ученици во прва година при СОУ„Св.Кирил и Методиј“- Неготино за учебната 2020/21год.

Започна второто пријавување во јунскиот уписен рок

Во врска со уписот на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година коj ќе се реализира на 24 јуни 2020 година во период од 07:00 до 19:00 часот и 25 јуни 2020 во период од 07:00 до 13:00 часот, а со цел да се почитуваат препораките дадени од надлежните институции заради настанатата ситуација со вирусот COVID 19, Ве замолуваме доследно почитување и придржување кон следниот:

Азбучен ред од презимето на ученикот,согласно со Протоколот за упис од МОН

За 24.06.2020 важи следната временска рамка:

07 – 12 часот за презимиња од А – Ж

12 – 16 часот за презимиња од З – М

16 – 19 часот за презимиња од Н- Ш

За 25.06.2020 важи следната временска рамка:

07 – 09 часот за презимиња од А – Ж

09 – 11 часот за презимиња од З – М

11 – 13 часот за презимиња од Н- Ш

Резултатите од вториот уписен рок ќе бидат објавени на 26 јуни.

Ве известуваме дека поради било какви причини ученикот не стигне во временската рамка за упис уредно ќе му бидат примени документите ,но кога ќе се створат услови пропишани со Протоколот за упис.

Учениците треба да имаат пополнети и комплетирани документи при влезот во училиштето.

Повелете во СОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Неготино и одберете го најдоброто за вас!

Ве очекуваме!

Уписите се во тек!

Започна првиот уписен рок на 16 и 17 јуни од 07.00 до 19.00h. Повелете во СОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Неготино и одберете го најдоброто за вас!

Ве очекуваме!