ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ДО СПОМЕН КОСТУРНИЦА-НЕГОТИНО

СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА НА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ ОД НОБ ВО НЕГОТИНО

Во согласност со организациските активности на училиштето се реализираше еднодневната екскурзија на ден 10.12.2019год. (вторник). Заедно со учениците  од училиштето се упативме до споменикот „Костурница„. Целта беше остварена. Учениците се дружеа, комуницираа меѓу себе и се зацврсти нивниот заемен однос и почитување. Исто така, посетата на споменикот имаше и научна цел. Беше проследено предавање од страна на професорите по историја . Учениците беа задоволни, бидејќи го надополнија своето знаење за културно-историското обележје на градот.

СПОМЕНИК КОСТУРНИЦА- НЕГОТИНО

Неготино го зазема источниот дел од Тиквешијата, а во географска смисла се наоѓа во централниот дел на Македонија. Токму поради својата геостратегиска положба и значење, Неготино и неготинско секогаш биле крстопат на многу војски и значајни историски настани. Иако населението од овој регион често низ текот на историјата било изложувано на големи невољи како убиства, пљачкосувања, палеж, апсења, понижувања и разни туртури, Неготинци и луѓето од другите околни населени места никогаш не биле неми и пасивни набљудувачи на наметнатата положба. Тие активно учествувале и во предилинденскиот период, во борбите против врховистичките пропаганди, во Балканските војни и Првата светска војна. Сиот свој непокор, патриотизам, револуционерност, јасната национална ориентација и свест и слободољубливоста дошле до израз и јасно се одсликале за време на Втората светска војна во Народноослободителната борба од 1941 до 1945 год.

На 6 Април 1941 започнала германската офанзива на Балканот изведена со брз и ефикасни блиц-крик напади врз тогашното кралство Југославија. Тоа априлско утро гермаските авиони го надлетале и бобардирале и овој регион на Неготино, при што паднале и првите цивилни жртви. Овој дел на Македонија бил окупиран од бугарските фашисти, како дел од нацистичката коалиција на чело со Германија и Адолф Хитлер. На 24 Април 1941 во Неготино дошол Васил Сеизов како главен уредник на профашистичкиот весник “Зора”, кој пред 50-60 граѓани ја истакнувал така наречената “ослободителна” мисија на Бугарија.

На него веднаш, брзо, енергично и аргументирано му се спортиставил Страшо Пинџур кој истакнал дека македонскиот народ сам ќе се бори и избори за својата слобода. Така наскоро во првта половина на Мај 1941 год. во куќата на Александар Донев, а и со присуство на Страшо Пинџур бил формиран и првиот месен комитет на КПМ за Неготино, кој во блиска иднина се појавува како главен организатор на борбата против окуаторот во Неготино во зависност од потребите за дејствување во новите воено – окупациски услови. Во месниот комитет влегувале 5 члена. Лазар Калајџиски – секретар, Лазар Мојсов – заменик секретар и членови: Боро Чаушев, Манчо Малиминов и Тодораќо Гечев. Во текот на борбата во Неготинско која била со променлив карактер, месниот комитет иако останал во одреден период и со само два члена ја продолжил активноста и борбата против окупаторот со примена на нови форми на дејствување. Првиот тиквешки баталјон “Страшо Пинџур” кој земал едни од главните борбени активности во Неготинско бил формиран на 24 Септември 1943 на Кајмакчалан.

На 29 Јули 1944 год. е забележано едно помасовните доброволни излегување на населението од Неготино во партизани, при што оранизирано заминува во борба една од поголемите групи на партизани од овој крај. До конечното изгревање на сонцето на слободата во Неготино и неготинско доаѓа наскоро. Борците од тиквешкото воено подрачје за прв пат влегуваат во Неготино на 4 Септември, срдечно пречекани од населението. Се одржал митинг каде било прокламирано и воспоставувањето на новата народна власт. На 5 Септември 1944 била формирана Команда на местото во Неготино со месна чета, а со тоа всушност градот бил ослободен од бугарскиот окупатор. За неготинското население 7 Септември исто останал како ден на трајно сеќавање, кога во вечерните часови пристигнала Деветата Македонска бригада пречекана со радост и воодушевување. Се  до конечното ослободување на Неготино на 8 Ноември во борбите за неговото непосредно ослободување паднале повеќе од 60 борци, воглавно на Железничката станица и Прждевската лака. Борбата во овој регион била долга и тешка со многу жртви. Инаку од Неготино и неготинско ги положиле своите животи на браникот на татковината за нашата денешна слобода повеќе од 160 борци и жртви на фашизмот. Токму овде на оваа место каде што сме денес, оваа споменик костурница е изградена во чест на сите загинати борци од Неготино и неготинско во Народноослободителната  борба од 1941 до1945 год. Во приземјето на овој споменик се наоѓаат моштите на дел од нив. Самиот соменик е изграден во форма на обеликс и е висок  6 метри. Автор на истиот е Илија Ханџиски, академик вајар од Скопје.

 

АКТИВНОСТ ЕКО-МИМО

На ден 27.11. 2019г. (среда)

На ден 27.11.2019г. (среда) од 11.30часот до 13часот во училишната библиотека се реализираше активност на ЕКО и МИМО во нашето училиште. Во активноста учествуваа ученици членови на МИМО и ЕКО за учебната 2019г./20г. Под мотото на 20 Ноември-Светскиот ден на детето, се поставија различни творби (поетски и прозни), како и есеи поврзани со денот на детето.

              

Исто така, се напишаа и многу пораки кои ја поставија и основата на правата и одговорностите кои треба да ги почитуваат децата, но и возрасните. Без разлика на етничката припадност и улогата на Екологијата посебно, се изработија и ликовни творби за децата и целта на оваа активност: светскиот ден на детето да се поврзе со еколошката свест и едно општество за сите деца.

                                       

ФИСКАЛНА ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИТЕ

Едукативно предавање за учениците на тема: „ Даночниот систем на Република Северна Македонија“, во рамките на проектот „Фискална едукација на младите“ во организација на УЈП и МОН, се спроведува во текот на месец Ноември и со истото се опфатени сите ученици од четврта година.

Преку проектот „Фискална едукација на младите“, средношколците  имаат можност да добијат појасна слика за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците. Проектот се спроведува во рамките на образовниот систем како најповикан и најсоодветен сегмент на општеството за едукација и воспитување на младите.

Средношколците како дел од младата популација, идни студенти и академски граѓани на Македонија, имаа можност да добијат појасна слика и визија за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците.

Преку организираните предавања во  училиштето, учениците имаат можност да се стекнат со основни и стручни знаења за тоа:

• Какви видови даноци постојат

• Зошто УЈП ги собира даноците

• Каква е користа од плаќањето на данокот за сите нас

• На кој начин и каде се плаќа данокот

Целта на проектот е:

• Подигнување на даночната култура

• Зголемување на свеста и знаењето на младите

• Подобрување на даночната навика кај граѓаните

• Стекнување на основно знаење на младите за даночниот систем на РСМ.

САМОСТОЈНА МИМО АКТИВНОСТ

На ден 8.11.2019г.(петок)

На ден 8.11.2019г. (петок) од 12.10часот до 13часот се реализираше самостојна МИМО активност во нашето училиште. Во активноста учествуваа ученици од различни етнички групи. Под мотото: „Да бидеме свои, да бидеме единствени“ со предлог од Активот по математика и од Активот технолози во рамките на СИТ при МИМО во училиштето, учениците – членови на МИМО докажаа дека храната е вистинскиот лек за сите. Дека добрата кујна нѐ зближува, нѐ прави свои, единствени. Учениците покажаа и понудија дел –специјалитети од својата кујна. Пробаа различни вкусови и уште еднаш под мотото на МИМО:„Едно општество за сите“, потврдија дека најважно е да се дружиме, комуницираме и најважно од сѐ да ја чувствуваме младоста во себе- без разлика кои сме, какви сме и каде припаѓаме.

САМОСТОЈНА МИМО АКТИВНОСТ – Различната кујна нѐ зближува

„Храната е вистинскиот и најефикасниот лек“-д-р Џоел Фурман
„Добрата кујна нѐ зближува, нѐ прави свои, единствени…“- МИМО

 

 САМОСТОЈНА  АКТИВНОСТ – МИМО

СОУ„Св.Кирил и Методиј“- Неготино 

 

По предлог на Активот по математика и Активот технолози при СОУ„Св.Кирил и Методиј“- Неготино, на ден 8.11.2019г.(петок) од 12.10ч.до 13.00ч. ќе се реализира активност на МИМО во холот на училиштето.

Во активноста ќе учествуваат ученици- членови на МИМО за учебната 2019/20год. Со свои рецепти од својата кујна, учениците ќе споделат различни вкусови, ќе разменат свои искуства за храната, која е најважна за животот на човекот.

Ве покануваме, заеднички да ја проследиме активноста на учениците.

Благодарност до управата на училиштето за спроведување на МИМО активноста.

 

 

6.11.2019 год.
Неготино

  СИТ (Тимот на училишна интеграција)
                                                 на МИМО при СОУ„Св.Кирил и Методиј„-Неготино

ПРОЕКТ-ЕВРОПСКО ПРИЈАТЕЛСТВО ФРАНЦИЈА-МАКЕДОНИЈА 13-20 октомври 2019

 

Проект за културна и јазична размена
СОУ “Св. Кирил и Методиј”- Неготино
Гимназија “Лебрен”- Кутанс
  

Кутанс е општина во Франција и се наоѓа во департманот Ла Манш во Нормандија. Градот е познат по својата катедрала и џез фестивалот. Првите контакти со гимназијата Лебрен беа воспоставени во 2017 кога група ученици од СОУ „Св. Кирил и Методиј’- Неготино престојуваа една седмица по повод деновите “Патеките на спомените“.

Целите на школската размена беа:

  • Меѓународна презентација и афирмација на СОУ „Св. Кирил и Методиј- Неготино“ и на Р.Македонија
  • Работа на теми од историја и географија со гимназијата Лебрен
  • Активност на теми од наставните програми по историја, географија и геополитика
  • Втора светска војна
  • Запознавање на регионот Котантен и неговото културно наследство
  • Културни посети

 

Оваа школска размена беше организирана и планирана од Драган Трпковски, професор по француски јазик, Тони Јаневски, професор по физика од Македонија како и од Жан Филип Путрел, професор по математика и Кристијан Савари, професор по историја од Франција.

 

Ова беше прва школска размена за 11 македонски ученици од билингвалните паралелки и двајцата професори. Учениците беа од III5 и од IV5. Искуствата се позитивни од посетата на Кутанс. Ова беше можност да се запознат со друга култура и земја.

 

Француските ученици и професори добро го организираа престојот на македонските ученици во Франција:

  • Организација на пречекот (коктел за пречек, посета и запознавање на гимназијата, прошетки со фамилиите);
  • Посета на градот Кутанс и културните знаменитости;
  • Посета на градот Шербур-Октевил со музејот “Морскиот свет“; посета на островот Татиу;
  • Посета на Мон Сен Мишел и Сен Мало;
  • Посета на Меморијалниот центар во Каен и плажите на истоварувањето на сојузничките сили во Нормандија;
  • Фото-албум на престојот на македонските ученици;
  • Подготовка и организација на проштална забава со македонските ученици.
  • во различни педагошки активности;
  • во некои културни посети;
  • во нивната размена со француските кореспонденти што претставуваше можност да го подобрат нивото на францускиот јазик при кореспонденцијата.

 

Престојот на француските ученици и професори во Македонија ќе биде од 9 до 15 ноември 2019.

Драган Трпковски
Координатор на билингвалните паралелки и професор по француски јазик
СОУ Св.Кирил и Методиј- Неготино
21/10/2019

          

            

               

               

ОДРЖАН ПРВИОТ ИНФО ДЕН натема „Значењето на заштитата на животната средина“-ПРОЕКТ “ЕНПОЛ-ЕЕ”-СОУ Св. Кирил и Методиј – Неготино


 

The project is co-funded by the European Union and by National Funds of the participating countries

 

 

ОДРЖАН ПРВИОТ ИНФО ДЕН натема „Значењето на заштитата на животната средина“-ПРОЕКТ “ЕНПОЛ-ЕЕ”-СОУ Св. Кирил и Методиј – Неготино

Во рамките на проектот ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката на животна средина„ ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC CCI 2014 TC 16 15CB 009”, во периодот од 2014 – 2020 година, кој е финансиран во рамките на ЕУ (ИПА) Програмата за прекугранична соработка со Грција, СОУ. Св. Кирил и Методиј Неготино во соработка со Општина Неготино и организаторот на настанот АДВИСЕНТ ДООЕЛ – Скопје, на 03.06.2019 го организира Првиот Инфо Ден на тема Значењето на заштитата на животната средина.

Настанот беше орагнизиран во холот на СОУ. Св. Кирил и Методиј Неготино во период од 11:00 до 13:00 часот , а целна група на настанот беа учениците и професорите од училиштето.

Во рамките на активности присутните имаа можност да се запознаат со мерките за заштита на животната средина и значењето на енергетска ефикасност, преку Презентација приготвена и презентирана од страна на експертскиот тим на организаторот АДВИСЕНТ.

По презентацијата, за учениците беше организиран мал квиз “Kој сака да биде МИЛИОНЕР за ЕЕ”, во рамките на кој тимот со највисок број на поени беше и пригодно награден.

По едукативниот дел,  следеше музичка забава и дистрибуција на флаери и маици со помош на 16 волонтери од училиштето.

Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним „ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” – Неготино, Oпштина Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .

Покана за понуда – Проект „ЕНПОЛ-ЕЕ“

 

 

Реф.4 02-1/107

Покана за понуда

Согласно Одлуката  на Училишниот Одбор  на СОУ ,,Св.Кирил и Методиј,, Неготино бр.02-1/107 од 06.12.2018 за утврдување на потреба од доделување на договор за набавка за РАБОТИ (WORKS) за Проектот Замена на прозорците и поставување на соларни панели во средното училиште, за  проектниот партнер 4 СОУ,,Св.Кирил и Методиј,, за проектот ЕНПОЛ-ЕЕ ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, или “Energy efficiency in the cross border area as an indicative factor for environmental policy”  согласно Договорот за грант број ,,ЕНПОЛ-ЕЕ” SO2.1-SC025 од 25.05.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The former Yugoslav Republic of Macedonia”, СОУ „Св.Кирил и Методиј“ објавува ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ (PRAG 2018) .

Истата е  достапна во проектната канцеларија во СОУ ,,Св.Кирил и Методиј,, Неготино –почнувајќи од 29.05.2019 година.

Доколку сте заинтересирани тендерската документација може да Ви биде пратена и електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 27.06.2019 (четврток) до 12.00 часот.

Сесијата на отварање, согласно инструкциите во тендерската документација е планирана истиот ден 27.06.2019 во 14.00 часот.

 

СОУ ,,Св.Кирил и Методиј“ тендерскaта документација ја доставува за објавување и на веб страната на  општина  Неготино www.negotino.gov.mk и на страната на Програмата http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/

Контакт:

Цветанка Ристова

E-mail:cecang2003@gmail.com

тел. +389 70 404 912; +389 75 224 264

Проект менаџер– надворешен експерт– ENPOL-EE

СОУ „Св.Кирил и Методиј“ –Неготино

 

 

 

Invitation – Blanco

Volume1

Section1

ds2_contractnotice_simpl_en

ds4b_itt_simpl_en

Section2

a14_declaration_honour_en (1)

ds4c_tenderform_simpl_en

Section3

d4j3_lefcompany_en (1)

Section4

d4h_techofferform_4dot3_en (1)                                                                                                d4j1_fif_en (1)                                                      ds4i_selectionformfinancial_4dot4_simpl_en ds4k_selectionformtechnical_4dot6dot5_simpl_en ds4k_techofferform_4dot6dot1dot2_simpl_en ds4k_techofferform_4dot6dot1dot3_simpl_en ds4k_techofferform_4dot6dot2_simpl_en ds4k_techofferform_4dot6dot3_simpl_en

Section5

d4l_admingrid_en (1)

d4m_evalgrid_en (1)

List of entites invited to submit the tender

Volume2

Section1

d4p_annexgc_en

Section2

ds4n_contract_simpl_en

Section3

ds4o_specialconditions_simpl_en

 

Volume3

d4u_techspec_en

Volume4

ds4w_finoffer_4dot2_simpl_en

Volume5

Portals

Проект „ ЕНПОЛ – ЕЕ “ – покана за понуда

Реф.2 02-1/106-2

Покана за понуда

Согласно Одлуката  на Училишниот Одбор  на СОУ,,Св.Кирил и Методиј,,Неготино бр.02-1/106 од 06.12.2018 за утврдување на потреба од јавна  набавка од УСЛУГИ зa  Организирање Инфоденови за учениците за проектниот партнер 4 СОУ,,СвКирил и Методиј,, запроектот ЕНПОЛ-ЕЕ ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, или “Energy efficiency in the cross border area as an indicative factor for environmental policy”  согласно Договорот за грант број ,,ЕНПОЛ-ЕЕ” SO2.1-SC025 од 25.05.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The former Yugoslav Republic of Macedonia”, СОУ„Св.Кирил и Методиј“ објавува ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедуритена ЕУ (PRAG 2018) .

Истата е  достапна во проектната канцеларија во СОУ ,,Св.Кирил и Методиј,,Неготино –почнувајќи од 22.03.2019 година.

Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена  електронски или по пошта  поставенана ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 05.04.2019 (четврток) до 15.00 часот, кога е и сесијата на отварање (05.04.2019 – 17.00 часот) согласно инструкциите во тендерската документација.

СОУ,,Св.Кирил и Методиј“ тендерскaта документација ја доставува за објавување и на вебстраната на  општина  Неготино www.negotino.gov.mk и на страната на Програмата http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/

Контакт:

ЦветанкаРистова

E-mail:cecang2003@gmail.com

тел. +389 70 404 912; +389 75 224 264

Проектменаџер– надворешен експерт– ENPOL-EE

СОУ „Св.Кирил и Методиј“ –Неготино

 

 

 

Invitation blanco

PART A

b8o5_itt_simp_en

b8o3_contractnotice_simp_en

PART B

b8o2_contract_simp_en

b8d_annexigc_en

b8f_annexiitorglobal_en

b8g_annexiiiom_en

b8i1_annexvbudgetglobal_en

b8j1_annexvifif_en

b8j3_annexvilefind_en

b8j4_annexvilefcompany_en

b8j5_annexvilefpublic_en

PART C

b8o6_list_simp_en

b8m2_evalgrid_global_en

b8o1_admingrid_simp_en

PART D

b8o7_tenderform_simp_en

a14_declaration_honour_en

Проект „ЕНПОЛ-ЕЕ“ – покана за понуда

Реф.3 02-1/108

Покана за понуда

Согласно Одлуката  на Училишниот Одбор  на СОУ ,,Св.Кирил и Методиј,, Неготино бр.02-1/108од 06.12.2018 за утврдување на потреба од јавна  набавка од УСЛУГИ зa  Организирање настан/ Натпревар во готвење со ученици на отворено со соларна енергија, за  проектниот партнер 4 СОУ,,Св.Кирил и Методиј,, за проектот ЕНПОЛ-ЕЕ ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, или “Energy efficiency in the cross border area as an indicative factor for environmental policy”  согласно Договорот за грант број ,,ЕНПОЛ-ЕЕ” SO2.1-SC025 од 25.05.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The former Yugoslav Republic of Macedonia”, СОУ „Св.Кирил и Методиј“ објавува ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ (PRAG 2018) .

Истата е  достапна во проектната канцеларија во СОУ ,,Св.Кирил и Методиј,, Неготино –почнувајќи од 20.03.2019 година.

Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена  електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 18.04.2019 (четврток) до 15.00 часот, кога е и сесијата на отварање (18.04.2019 – 17.00 часот) согласно инструкциите во тендерската документација.

СОУ ,,Св.Кирил и Методиј“ тендерскaта документација ја доставува за објавување и на веб страната на  општина  Неготино www.negotino.gov.mk и на страната на Програмата http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/

Контакт:

Цветанка Ристова

E-mail:cecang2003@gmail.com

тел. +389 70 404 912; +389 75 224 264

Проект менаџер– надворешен експерт– ENPOL-EE СОУ „Св.Кирил и Методиј“ –Неготино

 

 

 

Invitation

PART A

b8o3_contractnotice_simp_en – working

b8o5_itt_simp_en – working

PART B

b8d_annexigc_en

b8f_annexiitorglobal_en – working

b8g_annexiiiom_en

b8i1_annexvbudgetglobal_en

b8j1_annexvifif_en

b8j3_annexvilefind_en

b8j4_annexvilefcompany_en

b8j5_annexvilefpublic_en

b8o2_contract_simp_en – working

PART C

b8m2_evalgrid_global_en

b8o1_admingrid_simp_en

b8o6_list_simp_en

PART D

a14_declaration_honour_en

b8o7_tenderform_simp_en