Честитка до матурантите од СОУ„Св.Кирил и Методиј„- Неготино


Драги матуранти !
Ни претставува огромна чест и задоволство да ви го честитаме матурирањето и влегувањето во светот на возрасните.

Сега, кога влегувате во светот на возрасните, насочете го вашиот младешки потенцијал кон позитивните вредности. Пред се во личното обликување во корисен член на општеството кое заеднички го градиме.

Се наоѓате пред голема животна пресвртница и сериозна обврска, да го одберете своето идно занимање.
Вам, кои својата иднина ќе ја побарате на пазарот на трудот, ви посакувамe што поскоро да се вработите и со својот труд, за себе и за вашите семејства, но и за својата општина и држава, да обезбедите сеопшт напредок.
Вам, кои планирате да го продолжите образованието на факултетите, ви посакувамe многу успех во стекнувањето на нови знаења и вештини.

Уште еднаш, на сите матуранти од СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Ви го честитаме матурирањето, Ви посакуваме многу здравје и среќа во животот, како и успех на личен и професионален план.

Инвестирај во твојата иднина, биди ученик во СОУ„Св.Кирил и Методиј“- Неготино

Видео презентација СОУ „Св.Кирил и Методиј„ – Неготино

 

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Учебна 2020/2021

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.

 

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

  • да имаат завршено основно образование
  • да не се постари од 17 години
  • да се определиле за план и програма од наведените во Конкурсот  (гимназиско образование, стручно образование и обука)
  • да ги исполнуваат критериумите утврдени со Конкурсот

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

–     пријава  за  запишување  (пријавата  за  запишување  ученикот  ја  подигнува  од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна; исто така истата може да ја симнете на следниот линк: пријава за уписи);

–    оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

–     дипломи, (доколку имаат) од освоени (I,   II   и III)   места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

–    извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

Инвестирај во својата иднина, биди ученик во СОУ„Св.Кирил и Методиј“-Неготино

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

–     пријава  за  запишување  (пријавата  за  запишување  ученикот  ја  подигнува  од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна; исто така истата може да ја симнете на следниот линк: пријава за уписи);

–    оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

–     дипломи, (доколку имаат) од освоени (I,   II   и III)   места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

–    извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија

Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2020/2021 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017 и 64/108), Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/2006, 117/2008, 148/2009, 17/2011, 24/2013; 137/2013, 41/2014, 55/2016 и 64/2018 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019 ), Законот за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/2016 и 142/2016 и 64/2018) и Законот за Математичко-информатичка гимназија („Службен весник на Република Македонија“ бр.64/2018), запишувањето ученици во јавните средни училишта се врши по пат на Конкурс кој го објавува Министерството за образование и наука во средствата за јавно информирање по предлог на основачот.

Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2020/2021 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование (природно – математичко подрачје (комбинација А), природно – математичко подрачје (комбинација Б), општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А), општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б), јазично – уметничко подрачје (комбинација А), јазично – уметничко подрачје (комбинација Б), стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование, средно образование за ученици со посебни образовни потреби и гимназиско образование во Математичко – информатичка гимназија.

 

К О Н К У Р С за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – НЕГОТИНО

Во прва година ќе се запишат 442 ученици во 13 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

  • Гимназиско образование – 170 ученици, 5 паралелки, 60 минимум поени

(една билингвална паралелка македонско – француска)

  • Електротехничка струка – 136 ученици, 4 паралелки

– електротехничар за компјутерска техника и автоматика                            мак.    68 уч.    2 пар.    4 г.тр.   55 минимум поени

– електротехничар – енергетичар                                                                                    мак.   34 уч.   1 пар.    4 г.тр.     45 минимум поени

– електромеханичар за компјутерска техника и технологија                          мак.   34 уч.    1пар.    3 г.тр.    30 минимум поени

  • Хемиско – технолошка струка, 136 ученици, 4 паралелки

– прехранбен техничар                                                                                                             мак.    34 уч.     1 пар.    4 г.тр.   45 минимум поени

– хемиски лабораторски техничар                                                                                     мак.   34 уч.    1 пар.    4 г.тр.    45 минимум поени

– месопреработувач                                                                                                                    мак.    34 уч.      1 пар.    3 г.тр.   30 минимум поени

– пекар                                                                                                                                                мак.    34 уч.     1 пар.     3 г.тр.   30 минимум поени

 

Конкурсот може да го преземете на следниот линк:

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија

Наставната година во образовните установи продолжува преку воведување на далечинско учење!

Почитувани наставници, ученици

Драги родители,

Дозволете да информирамe дека на предлог на Министерството за образование и наука, Владата на Република Северна Македонија донесе уредби со сила на закони со кои се предвидува основните и средните училишта, како и високо образовните установи и јавните научни установи да организираат далечинско учење, односно учење од дома со примена на средства за електронска комуникација.

Секоја образовна установа индивидуално одлучува за формата на далечинско учење која ќе ја примени, земајќи ги предвид можностите на сите вклучени страни во образовниот процес за користење на одредено/одредени средства за електронска комуникација (видеоконференциски платформи, електронска пошта и слично) кои обезбедуваат взаемна двонасочна комуникација и настава без физичко присуство на засегнатите. Наставниот кадар е должен за време на далечинското учење да реализира настава, да организира вежби, тестирања, проверка и објективно оценување на знаењето на учениците.

Веруваме во капацитетот на образовните установи, како и на наставниот кадар, така што очекувам продолжување на воспитно – образовниот процес за сите кои се дел од едукативниот систем во земјата и истовремено, информирам дека Министерството за образование и наука е постојано и целосно подготвено да помогне онаму каде ќе бидат нотирани предизвици и потреба од поддршка.

Знаењето е најмоќната алатка за остварување личен успех. Затоа да не дозволиме образовниот процес да биде во застој, туку напротив да се заложиме тој непречено да продолжи и во овие вонредни и тешки околности за сите нас.

Тоа е наша заедничка обврска!

 

АПЕЛ од управата, наставниот кадар при СОУ „Св.Кирил и Методиј“ и здравствените работници до сите ученици и родители

Апелираме да се применуваат мерките за превенција кои што се упатeни од Министерството за здравство и врз основа на тоа да се избегнуваат секакви собири и настани на отворен и затворен простор во овие 14 дена, кога воедно е и донесена одлуката за прекин на воспитно-образовниот процес, со цел превенција и заштита од ширење на корона вирусот.

Седете дома !

Да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Од нас зависи!

Енергетска ефикасност

На 05.03.2020 год.  (четврток) во училишната библиотека при СОУ “Св. Кирил и Методиј”  Неготино по повод светскиот ден за енергетска ефикасност се одржа презентација од учениците Јани И., Александра П. и Ристе К. од I6 под менторство на професорката Снежана Трајкова. Презентацијата ја следеа ученици и наставници од училиштето.

Покана за 48-та Меѓународна ликовна изложба Лидице, Чешка 2020

Во прилог е покана за учество на 48-та  Меѓународна изложба на ликовна уметност во Лидице, Чешка, 2020 чијашто тема е „пејзаж„. Изложбата е основана во чест на сеќавање на децата жртви од чешкото село Лидице, убиени од германските нацисти во 1942 година, како и во чест на сите деца загинати во војна. Се одржува од 1972 година, а годинава имаше учесници и од нашата земја.

Сите потребни информации како што се условите за учество и начинот на пријавување се достапни на веб адресата https://www.mdvv-lidice.cz/   ( https://www.mdvv-lidice.cz/en/current/invitation/ ).

Зинтересираните учесници може да се пријават со пополнување на апликацијата достапна на веб адресата.

Крајниот рок за пријавување е 14 февруари 2020 година.

Посета на директорот на Францускиот институт- Скопје

 

Директорот на Францускиот институт од Скопје, г-дин Емануел Рембер (Emanuel Rimbert) на ден 20.12.2019г. го посети СОУ „Св.Кирил и Методиј„ каде што се сретна со ново избраната директортка како и со активот на билингвалните паралелки.

Беше дискутирано за тековните и идните проекти на нашето училиште во соработка со Францускиот институт. И во иднина, Францускиот институт ќе помага во развојот на човечките ресурси преку разни обуки и присуство на професорите од билингвалните паралелки во земјата и во странство.

Исто така, беше разговарано за набавка на електронска табла која што ќе биде потребна не само на билингвалните паралелки туку и на останатите во училиштето.  Францускиот институт и понатаму ќе помага во организирање на школски размени со француски училишта со цел учениците да се запознаат со друга култура и образование.

Посетата на г-нот Рембер се заокружи со промовирање на неговата најнова книга насловена “Во Ларингитија” пред учениците од билингвалните паралелки, професори од гимназијата и основните училишта и останати гости. Промоцијата беше во градскиот музеј во Неготино.