Заеднички ѝ се радуваме на пролетта и на новостите во нашето училиште. Под мотото ,,Ајде заеднички да го исчистиме новооградениот училишен двор” учениците и вработените во СОУ ,,Св. Кирил и Методиј”- Неготино, денеска реализираа еколошка акција, во која, секој по малку придонесе за разубавување на дворот и за подигнување на свеста за грижа за животната средина. Инаку, половина од средствата за изградба на оградата беа обезбедени од училишниот буџет, а половина беа обезбедени преку донација од народот на Соединетите Американски Држави, со поддршка од Европската команда на САД, Канцеларијата за одбранбена соработка и Американската амбасада во Скопје. Проектот беше реализиран во периодот април 2021 – февруари 2022 год. и им се заблагодаруваме на сите чинители кои активно беа вклучени во неговата реализација, бидејќи оградувањето е од исклучителна важност за нашето училиште. И за денот да биде уште поубав, денеска беа засадени и дрвца, кои ни беа подарени и за кои, исто така, се заблагодаруваме. Соработката носи поубава иднина за сите!
Францускиот јазик е јазикот на љубовта, зборуван од над 320 милиони франкофони низ светот.
По повод месецот на Франкофонијата, учениците од билингвалната паралелка III5 заедно со професорката по француски јазик Александра Илиева изработија цртежи, фотографии, цитираа поеми од познати француски поети под мотото ,,Францускиот јазик не зближува” ????














Организацијата ЕСТИМА и Францускиот Институт во Скопје доделија сертификати на професорите Драган Трпковски и Александра Илиева за успешно завршената соработка за проектот за Европската Унија во билингвалните паралелки.





Едукативно-креативна работилница
На ден 14.03.2022 год. дел од ученичките од IV-9 клас, под менторство на професорките Маја Којчева – Величкова и Зорица Димовска реализираа едукативно-креативна работилница за женските права, познатите жени во историјата на човештвото и Емили Дикинсон, како и за тоа како се создава поезија. Гости на работилницата ни беа учениците од основните училишта ,,Гоце Делчев”, ,,Страшо Пинџур” и ,,Димката Ангелов – Габерот” од Демир Капија под менторство на професорките Александра Јованова, Нина Јовановска – Јакова и Нетка Богевска. На крајот учениците создадоа хамери со творби кои ќе ги красат ѕидовите од нашето училиште.













Конкурс за избор да најдобра фотографија по повод светскиот ден на водата
По повод 22 март- Светски ден на водата, ЕКО при СОУ “Св.Кирил и Методиј” -Неготино распишува
Конкурс за избор на најдобра фотографија на тема:
Голтка вода, голтка живот!
Чиста вода, бистра мисла!
Право на достапност до чиста вода за пиење!
Право на учество имаат сите заинтересирани ученици од нашето училиште кои ќе направат сопствена фотографија на темата и ќе ја достават за учество,со големина 18*24cm. Фотографијата треба да биде доставена во плико, со наведена шифра на учесникот и да се предаде кај одговорната професорка: Елеонора А.Зафирова.
?За најдобрите три фотографии следуваат скромни награди, а фотографиите на сите останати учесници ќе бидат изложени во аулата на училиштето на 22 март.
?Рок за поднесување на изработките: од 14 до 20 март 2022 година.
Критериуми за учество:
o Секој ученик може да поднесе само една фотографија;
o Фотографијата треба да биде авторско дело на ученикот. Превземените туѓи фотографии нема да учествуваат во изборот.
ℹ️За дополнителни информации може да се обратете кај професорката Елена Божијанова-Серафимовска.

Видео по повод „5-ти Март – Светски ден на енергетската ефикасност”
Видео по повод „5-ти Март – Светски ден на енергетската ефикасност” изработено од ученици од четврта година, членови на ЕКО при нашето училиште под менторство на професорката Снежана Трајкова, со цел подигнување на нашата свест за важноста на овој неопходен ресурс во секојдневниот живот на човекот.
МИМО активност
Секогаш со истото чувство. Да сакаш и да бидеш сакан. И вистината да ја споиш со виното. И постојано околу себе да ја имаш љубовта. И тоа чувство да трае и трае.
И оваа година продолжува МИМО да ткае приказни за љубовта и виното. Оригинални како и секогаш МИМО при СОУ “Св.Кирил и Методиј” – Неготино. Учениците креатори, реализатор Кирил Јанев III1. Приказната продолжува…





Екологистите посадија дрвца Ginkgo biloba, настан организиран од Здружението Ековита на кој учество зедоа нашите ученици од I4 и III9. Гинко е најстарото дрво на светот кое на планетатa Земја живее уште од пред околу 270 милиони години. Чарлс Дарвин ова дрво го нарекол жив фосил, бидејќи гинкото го преживеало дури и Леденото доба. Нека овие садници ја красат и нашава општина!







Меѓународна соработка
СОУ ,,Св. Кирил и Методиј ” – Неготино стана дел од проектот поддржан Европска Унија и GIZ наречен ,,Супер училишта”. ,,Супер училишта” е програма на RYCO за училишна размена во Западен Балкан со цел да се поддржи процесот на градење мир, меѓукултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници. Одговорни професори за соработка со оваа платформа се професорките Маја Тефова и Маја Којчева – Величкова.
Општинскиот натпревар по биологија
Општинскиот натпревар по биологија се одржа online на ден 07.02.2022 година. Сите ученици кои учествуваа се пласираа на регионален натпревар.
Освоени места:
Од прва година: (I4)
1.Кирил Димитров II награда (ментор:Валентина Манчева)
Од втора година:
1.Елена Јорданова II награда (II5)
2.Мила Толова III награда (II5)
3.Ивона Маркова III награда ( II4 ) (ментор:Зорица Стојановска)




















































