„Храната е вистинскиот и најефикасниот лек“-д-р Џоел Фурман
„Добрата кујна нѐ зближува, нѐ прави свои, единствени…“- МИМО
САМОСТОЈНА АКТИВНОСТ – МИМО
СОУ„Св.Кирил и Методиј“- Неготино
По предлог на Активот по математика и Активот технолози при СОУ„Св.Кирил и Методиј“- Неготино, на ден 8.11.2019г.(петок) од 12.10ч.до 13.00ч. ќе се реализира активност на МИМО во холот на училиштето.
Во активноста ќе учествуваат ученици- членови на МИМО за учебната 2019/20год. Со свои рецепти од својата кујна, учениците ќе споделат различни вкусови, ќе разменат свои искуства за храната, која е најважна за животот на човекот.
Ве покануваме, заеднички да ја проследиме активноста на учениците.
Благодарност до управата на училиштето за спроведување на МИМО активноста.
6.11.2019 год.
Неготино
СИТ (Тимот на училишна интеграција)
на МИМО при СОУ„Св.Кирил и Методиј„-Неготино