Инвестирај во твојата иднина, биди ученик во СОУ„Св.Кирил и Методиј“- Неготино

Видео презентација СОУ „Св.Кирил и Методиј„ – Неготино

Во прва година во нашето училиште ќе се запишат 297 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:

  • Гимназиско образование – 102 ученици, 3 паралелки, 60 поени минимум мак 102 уч. 3 пар.
  • Гимназиско образование – 34 ученици, 1 паралелкa, 60 поени минимум (македонско – француска билингвална паралелка) мак 34 уч. 1 пар.
  • Електротехничка струка – 102 ученици, 3 паралелки
    -електротехничар за компјутерска техника и автоматика мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 55 поени минимум /
    – електротехничар – енергетичар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
  • Хемиско – технолошка струка, 59 ученици, 2 паралелки  
    прехранбен техничар *(соработка со компании, ШИШКОВИ-Д ДОО Неготино, ФРУКТА ДОО Неготино, ВЕНЕЦ АД Неготино, ШУГАР АРТ ДООЕЛ Неготино, КИНГДОМ ДООЕЛ Неготино, ПИВКА 2002 ДООЕЛ Неготино, РОСАЛ ДС ДООЕЛ с.Долнени, НУТЕЛА ЛЕОН ДООЕЛ Неготино, БОВИН ДООЕЛ НЕГОТИНО) мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
    хемиски лабораториски техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ

Условите за запишување на учениците во прва година се:

– да имаат завршено основно образование;

– да не се постари од 17 години;

– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:

а) гимназиско образование;

б) стручно образование и обука;

г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;

– да ги исполнуваат критериумите утврдени со Конкурсот на учлиштето.

 Критериуми за избор на учениците се:

− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

− средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците ги поднесат следните документи:

– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);

– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;

– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот,на 15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и  на 17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 21 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 21 јуни 2021 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот  и на 25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот,  согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Квалификационото тестирање за второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни 2021 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 23 август 2021 година за што доставуваат доказна документација.