Живееме во свет на којшто секојдневно му се закануваат еколошки кастастрофи. Ние како сè повеќе да стануваме глуви за зачувување на животната средина. Во “Развиеноста на еколошката свест кај младите”, нашата ученичка Елена Тимова од четврта година и нејзиниот врсник Станиша Станковиќ од Битола, поразговараа со младите како и колку тие се грижат за почиста околина и колкава е развиеноста на еколошката свест кај мадите.
Говорници за еколошката свест: Проф. Александра Илиева по француски во нашето училиште, Насер Велиу, млад екоактивист од EYO и Мирјана Шишкова, ученичка од училиштето“Гоце Делчев”- Неготино.