На 22.03.2021 година во рамки на обележувањето на Денот на екологијата и Денот на поезијата се случи онлајн настан на кој беа соопштени резултатите за наградените творби напишани од нашите ученици, во рамки на конкурсите на тема „Еко свет“ и „Трка со времето“.
Конкурсите ги распиша Младинската организација при СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино по иницијатива на претседателката Невенка Дишева, а под менторство на професорката Маја Којчева – Величкова. Дел од овој настан беше и директорката, Донка Јованова, која им даде поддршка на младите автори и ги извести учесниците на конкурсот дека нивниот труд е препознаен и дека ќе добијат книги и сертификати како знак на поддршка за нивната креативност и талент.
Од страна на жири комисијата составена од професори во нашето училиште, беше донесена одлука да бидат наградени следниве ученици:
1. место Јована Анѓелковска во категоријата најдобра поема;
1. место Милена Камчева во категоријата најдобар есеј;
2. место Елена Тимова во категоријата најдобар есеј;
3. место Емилија Костова во категоријата најдобар есеј;
1. место Ивона Маркова во категоријата најдобар цртеж;
2. место Ивона Дишева во категоријата најдобар цртеж;
3. место Дениса Шабанова во категоријата најдобар цртеж.
На сите учесници им се заблагодаруваме на интересот и учеството на конкурсот и им посакуваме уште многу напишани творби и успех со сите нивни идни планови!