Со пригодна свеченост, денес беше одбележан патрониот празник на нашето училиште – СОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино. Во чест на великите сесловенски просветители, покровители на училиштето, наставници и ученици подготвија богата културно-уметничка програма со рецитали, музички точки и драмски изведби кои ја доловија важноста на нивното дело за македонската и словенската писменост и култура.
Настанот беше проследен со големо присуство на ученици, наставен кадар, родители и гости. Во своето обраќање, директорката на училиштето ја истакна улогата на Кирил и Методиј како симболи на знаењето, образованието и духовноста, кои и денес остануваат инспирација за младите генерации.
Патрониот празник беше одбележан со гордост, почит и благодарност, а училиштето уште еднаш ја потврди својата мисија како храм на знаењето и просветата.