Извршува лична подготовка и подготовка на работното место со примена на прописи и стандарди на работно место; оценува и контролира квалитет на суровини, полупроизводи, производи и амбалажа; управува со машини и опрема со помош на кои го води технолошкиот процес; следи, контролира и спроведува одредени технолошки операции во прехранбената индустрија и спроведува внатрешна контрола, спроведува добра хигиенска и производна пракса. Со стекнување на квалификацијата, ученикот ќе може да работи како Преработувач на жито/Мелничар, Производител на кондиторски производи/Кондитор, Преработувач на овошје и зеленчук, Производител на безалкохолни и алкохолни пијалаци, Производител на пиво и оцет, Производител на шеќер, Производител на квасец и етанол, Преработувач на кафе, чаеви и додатоци на јадења, Производител на млеко и млечни производи, Преработувач на месо и месни производи, Изработувач на леб и бели печива, Оператор за микробиолошки и санитарни анализи, Контролор на квалитет на производи и материјали, Хемиски процесен оператор, Ракувач со машини за амбалажирање, пакување и етикетирање, но и на работни места во индустриско производство, лаборатории, занаетчиство и во трговијата со храна.
Прехранбената индустрија како сектор се занимава со производство на квалитетна храна за задоволување на потребите на потрошувачите, се развива кон создавање функционални производи кај кои се комбинираат нутриционистички и фармацевтски карактеристики.