К О Н К У Р С
за запишување ученици во
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ
„СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ НЕГОТИНО
во учебната 2024/2025 година во Република Северна Македонија
Во прва година ќе се запишат 288 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
Гимназиско образование – 102 ученици, 3 паралелки, 60 поени минимум мак 102 уч. 3 пар.
Гимназиско образование – 34 ученици, 1 паралелкa, 60 поени минимум (македонско – француска билингвална паралелка) мак 34 уч. 1 пар.
Електротехничка струка – 93 ученици, 3 паралелки
– Електротехничар за компјутерска техника и автоматика мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55 поени минимум
– Електротехничар – енергетичар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
– Електротехничар за компјутерска техника и автоматика *во соработка со компании дуална паралелка мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55 поени минимум 22.
Хемиско – технолошка струка, 59 ученици, 2 паралелки
– Прехранбен техничар *во соработка со компании (дуална паралелка) мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
– хемиско лабораториски техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум.
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
Условите за запишување на учениците во прва година се:
– да имаат завршено основно образование; – да не се постари од 17 години;
– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование: а) гимназиско образование; б) стручно образование и обука; в) средно уметничко образование; г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;
– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс. Критериуми за избор на учениците се:
– среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
– среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
– дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје; – средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По објавувањето на ранг листатата, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје; – извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
КОНКУРСНИ РОКОВИ
– Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до 15.00 часот. – Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 20, 21 и 24 јуни од 07.00 часот до 17.00 часот и на 25 јуни 2024 година од 07.00 до 15.00 часот. – Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 09.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница. – Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 28 јуни 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 28 јуни 2024 година, на јавно место воучилиштето.
– Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 01 јули и 02 јули 2024 година до 15:00 часот. – Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули 2024 година од 07.00 до 17.00 часот и на 02 јули од 07.00 часот до 15.00 часот. – Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 03 јули 2024 година, најдоцна до 09.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.