Електротехничар за компјутерска техника и автоматика врши интервенции од електротехничка природа на ИТ опрема и автоматизирани процеси; програмира компјутерски системи и автоматизирани процеси со примена на програмски јазици; самостојно работи со бази на податоци; инсталира, одржува и сервисира компјутери, компјутерски мрежи и периферна компјутерска опрема; работи со интелигентни системи и роботи; извршува интервенции при визуелна и програмска изведба на веб-страници и применува стандарди при работа со компјутерска технологија и др.
Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи во различни работни средини како што се: ИКТ индустријата, компјутерски мрежи, интелигентни и роботски системи, веб-дизајн, производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, осветлување на отворени и затворени површини, автоматизирани индустриски погони, станбени објекти, установи за јавни услуги, медиуми, установи за туризам, угостителство, образование, наука, здравство, земјоделие и др., како и да развива сопствен бизнис.
Исто така, ќе може да извршува работни задачи како:
Техничар за роботика и интелигентни системи;
Оператор на бази на податоци;
Техничар за процесна автоматика;
Техничар електроничар за компјутери;
Техничар за компјутерски системи и мрежи;
Веб – техничар и Техничар на информатичко комуникациски технологии (ИКТ) за поддршка на корисници и на други работни места согласно квалификацијата.