** Гимназиско образование со француска билингвална паралелка **
Оваа паралелка е дел од гимназиското образование кадешто се присутни сите 4 подрачја. Наставната програма како и условите за запишување во оваа паралелка се исти како и кај гимназиското образование. Учениците од француските паралелки ги следат потполно истите предмети како и другите ученици од гимназиското образование но главниот акцент е ставен на изучувањето на францускиот јазик со 5 часа неделно.
На крајот од гимназиското образование учениците се стекнуваа со Диплома за гимназиско образование со назнака Двојазична билингвална настава и со акредитиран доживотен меѓународен сертификат за познавање на францускиот јазик од нивоа А1 до Б2.
На крајот од четвртата година, учениците од француските паралелки имаат можност или да се запишаат на било кој факултет на еден од нашите универзитети или бесплатно да аплицираат за продолжување на нивното образование на еден од државните француски универзитети. Потоа, во зависност од нивните оценки, можат да аплицираат и за добивање на стипендија за Мастер студии од страна на Францускиот институт од Скопје.
Учениците од овие паралелки имаат можност да присуствуваат на различни културни и педагошки активности организирани од училиштето или од Францускиот инстиут во Скопје. Исто така, учениците имаат можност да остварат школски патувања со 3-те француски партнерски училишта. Школските размени се предвидени да се реализираат во текот на секоја учебна година.