Денес во нашето училиште беше оддржана презентација од страна на претставници на МВР и Здравствен дом – Неготино за Повреди од пиротехнички материјали за учениците од I и II година.На презентацијата беше нагласено за штетноста по здравјето од употребата на пиротехнички материјали и казнивоста за истите.
Нова година е веќе на прагот, а со неа и можноста некој да остане без прсти, без око или со изгореници, а причината е користење на пиротехнички средства, особено петарди. Најголем број од жртвите се деца и тинејџери. Заради едуцирање на учениците, беше спроведено ова едукативно предавање со цел да се погрижиме заеднички да ја дочекаме Новата година среќни во мир и благосостојба, без користење на пиротехнички средства.