Во рамките на проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката за животна средина“ „ENPOL-EE“ на програмата за прекугранична соработка „Intereg-IPA CCI 2014 TC 16 15CB 009 во периодот 2014 година -2020, кофинансиран од Европската унија и од Националните фондови на земјите учеснички, СОУ Св.Кирил и Методиј Неготино и организаторот на настанот АДВИСЕНТ ДООЕЛ Скопје го организираа последниот трет информативен ден на тема Користење на обновливи извори на енергија и нивната важност / добри примери од училиштата во регионот. Настанот се одржа на 19 ноември 2020 година во СОУ Св. Кирил и Методиј Неготино и преку платформата ЗООМ.
Во рамките на активностите, присутните имаа можност да добијат информации од Проект менаџерот г-ѓа Цветанка Ристова за сите активности што се направени за време на проектот. Презентерите г-ѓа Бојана Стојановска Печуровска и г-дин Филип Стојановски ги запознаa учениците од средните училишта од Неготино, Кавадарци и Скопје со обновливите извори на енергија и нивната примена во регионот и пошироко.
Со овој настан всушност СОУ Св. Кирил и Методиј од Неготино ги заврши своите активности во рамките на проектот ЕНПОЛ-ЕЕ.
Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката на животната средина“ со кратенка „Енпол-ЕЕ“ се реализира во партнерска соработка на СОУ „Св. Кирил и Методиј Неготино, Општина Неготино, Општина Пела и Јавно претпријатие за култура и развој на Пела-Република Грција.