Честитки на Симона Миладинова, наша сограѓанка која студира во Франција, за освоеното прво место за изработен проект на тема: Унапредување на средното стручно образование , преку размена на искуства од стрна на стучни лица, наставници и ученици .
Симона го избра нашето училиште, направи консултација за можностите и капацитетите на објектот, струките и наставниот кадар, а истовремено го претстави и на Градоначалникот на Општина Неготино, од каде се наиде на целосно разбирање и расположение за работа, за проект, кој тогаш беше во почетна фаза.
Се надеваме дека проектот ќе го реализираме до крај, со што ќе имаме придобивка како училиштето така и дел од бизнис секторот.
На нашата млада сограѓанка Симона ќе и посакаме: многу проекти, награди и перфектна кариера во областа на науката која ја има избрано како нејзин животен предизвик.