Според Правилникот за номинирање, избор и прогласување на ученик на генерација и пофалени ученици при СОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Неготино, Наставничкиот совет по предлог на комисијата за избор на ученик на генерацијата 2016-2020 го прогласи ученичкот Пане Андов од билингвална паралелка – IV5, за ученик на генерацијата 2016-2020 година.
Пане Андов, ученик на генерацијата 2016-2020г.
„Секој голем сон започнува од сонување. Секогаш памти: Во себе имаш сила, трпение и страст да ги допреш ѕвездите како би го променил светот.“
Освоени награди, учества и пофалници:
- I место Републички натпревар по Француски јазик “Олимпијади 2019”- Скопје 2019
- III место на Републичкиот натпревар по француски јазик “Спелување 2017”- Скопје 2017
- II место на меѓународниот натпревар по француски јазик “Олимпијади 2020” во категоријата усно изразување- Молдавија 2020
- специјална награда на натпреварот за дебати во рамките на проектот “Патеките на спомените”- Кутанс 2019 (Франција)
- образовен и педагошки престој во гимназијата Лебрен од Кутанс (Франција)- септември и октомври 2018, школска размена со гимназијата Малерб од Каен (Франција)
- Пофалница од државен натпревар по математика 2018 г.
- III место од регионален натпревар по математика
Воедно, му посакуваме успешни студии на Универзитетот во Марибор, Факултет за електротехника, насока Роботика.
Исто така, наставничкиот совет ги пофали сите номинирани ученици за вложениот труд и постигнат успех на натпревари и училишни активности/проекти и континуиран одличен успех во генерацијата 2016/2020 год.
Честитки и до учениците за освоено I, II, III место на распишаниот Литературен конкурс по повод Патрониот празник на училиштето на тема: Бисерот од школката на Кирил и Методиј.
Прво место: Јована Анѓелковска III 5
Второ место : Аделина Леа Марангу II 5
Трето место: Елена Тимова III 5