Едукативно предавање за учениците на тема: „ Даночниот систем на Република Северна Македонија“, во рамките на проектот „Фискална едукација на младите“ во организација на УЈП и МОН, се спроведува во текот на месец Ноември и со истото се опфатени сите ученици од четврта година.
Преку проектот „Фискална едукација на младите“, средношколците имаат можност да добијат појасна слика за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците. Проектот се спроведува во рамките на образовниот систем како најповикан и најсоодветен сегмент на општеството за едукација и воспитување на младите.
Средношколците како дел од младата популација, идни студенти и академски граѓани на Македонија, имаа можност да добијат појасна слика и визија за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците.
Преку организираните предавања во училиштето, учениците имаат можност да се стекнат со основни и стручни знаења за тоа:
• Какви видови даноци постојат
• Зошто УЈП ги собира даноците
• Каква е користа од плаќањето на данокот за сите нас
• На кој начин и каде се плаќа данокот
Целта на проектот е:
• Подигнување на даночната култура
• Зголемување на свеста и знаењето на младите
• Подобрување на даночната навика кај граѓаните
• Стекнување на основно знаење на младите за даночниот систем на РСМ.