На ден 8.11.2019г.(петок)
На ден 8.11.2019г. (петок) од 12.10часот до 13часот се реализираше самостојна МИМО активност во нашето училиште. Во активноста учествуваа ученици од различни етнички групи. Под мотото: „Да бидеме свои, да бидеме единствени“ со предлог од Активот по математика и од Активот технолози во рамките на СИТ при МИМО во училиштето, учениците – членови на МИМО докажаа дека храната е вистинскиот лек за сите. Дека добрата кујна нѐ зближува, нѐ прави свои, единствени. Учениците покажаа и понудија дел –специјалитети од својата кујна. Пробаа различни вкусови и уште еднаш под мотото на МИМО:„Едно општество за сите“, потврдија дека најважно е да се дружиме, комуницираме и најважно од сѐ да ја чувствуваме младоста во себе- без разлика кои сме, какви сме и каде припаѓаме.