ПРОЕКТ-ЕВРОПСКО ПРИЈАТЕЛСТВО ФРАНЦИЈА-МАКЕДОНИЈА 13-20 октомври 2019

 

Проект за културна и јазична размена
СОУ “Св. Кирил и Методиј”- Неготино
Гимназија “Лебрен”- Кутанс
  

Кутанс е општина во Франција и се наоѓа во департманот Ла Манш во Нормандија. Градот е познат по својата катедрала и џез фестивалот. Првите контакти со гимназијата Лебрен беа воспоставени во 2017 кога група ученици од СОУ „Св. Кирил и Методиј’- Неготино престојуваа една седмица по повод деновите “Патеките на спомените“.

Целите на школската размена беа:

  • Меѓународна презентација и афирмација на СОУ „Св. Кирил и Методиј- Неготино“ и на Р.Македонија
  • Работа на теми од историја и географија со гимназијата Лебрен
  • Активност на теми од наставните програми по историја, географија и геополитика
  • Втора светска војна
  • Запознавање на регионот Котантен и неговото културно наследство
  • Културни посети

 

Оваа школска размена беше организирана и планирана од Драган Трпковски, професор по француски јазик, Тони Јаневски, професор по физика од Македонија како и од Жан Филип Путрел, професор по математика и Кристијан Савари, професор по историја од Франција.

 

Ова беше прва школска размена за 11 македонски ученици од билингвалните паралелки и двајцата професори. Учениците беа од III5 и од IV5. Искуствата се позитивни од посетата на Кутанс. Ова беше можност да се запознат со друга култура и земја.

 

Француските ученици и професори добро го организираа престојот на македонските ученици во Франција:

  • Организација на пречекот (коктел за пречек, посета и запознавање на гимназијата, прошетки со фамилиите);
  • Посета на градот Кутанс и културните знаменитости;
  • Посета на градот Шербур-Октевил со музејот “Морскиот свет“; посета на островот Татиу;
  • Посета на Мон Сен Мишел и Сен Мало;
  • Посета на Меморијалниот центар во Каен и плажите на истоварувањето на сојузничките сили во Нормандија;
  • Фото-албум на престојот на македонските ученици;
  • Подготовка и организација на проштална забава со македонските ученици.
  • во различни педагошки активности;
  • во некои културни посети;
  • во нивната размена со француските кореспонденти што претставуваше можност да го подобрат нивото на францускиот јазик при кореспонденцијата.

 

Престојот на француските ученици и професори во Македонија ќе биде од 9 до 15 ноември 2019.

Драган Трпковски
Координатор на билингвалните паралелки и професор по француски јазик
СОУ Св.Кирил и Методиј- Неготино
21/10/2019