Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2023/2024 година кој е објавен на интернет страната на МОН- www.mon.gov.mk е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми. за: гимназиско образование (природно – математичко подрачје (комбинација А), природно – математичко подрачје (комбинација Б), општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А), општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б), јазично – уметничко подрачје (комбинација А), јазично – уметничко подрачје (комбинација Б), стручно образование (техничко образование со четиригодишно траење,, средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
За ученикот кој ќе се запише во паралелка во стручно образование која е означена со *(соработка со), практичното образование ќе биде со зголемен број часови поминати во компанија.
И Н Т Е Р Е Н ОГЛАС
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“– Неготино за запишување ученици во прва година за учебната 2023/2024 година
I. Во средното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“-Неготино за учебната 2023/2024 година според утврдени наставни планови и програми ќе се запишат следниот број ученици:
Во прва година ќе се запишат 288 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
- Гимназиско образование – 102 ученици, 3 паралелки, 60 поени минимум
- Гимназиско образование – (македонско – француска билингвална паралелка) 34 ученици, 1 паралелкa, 60 поени минимум
- Електротехничка струка – 93 ученици, 3 паралелки
-електротехничар за компјутерска техника и автоматика мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55 поени минимум
– електротехничар енергетичар мак 34 уч. 1 пар. 4 год.тр. 45 поени минимум
– електротехничар за компјутерска техника и автоматика *(соработка со) мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55 поени минимум
„ХБТ – Електроник“ Неготино
„Алкито“ експорт -импорт ДООЕЛ Неготино
АД ТЕЦ Неготино
ДММ Дрекслмајер – мануфактуринг
„Технички институт Македонија ДОО“ Неготино
„Корона Душко“ ДОО Неготино)
-
Хемиско – технолошка струка, 59 ученици, 2 паралелки
– прехранбен техничар *(соработка со) мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
ТД „Вил и Наташа трејд“ ДОО Неготино
„Фрукта“ ДОО Неготино
„Венец“ АД Неготино
„Шугар арт“ ДООЕЛ Неготино
Ким ДООЕЛ Неготино,
Росал ДС, Нутела Леон,
ДПТУ Пивка, ВВ Попова Кула, Бовин, ВВ Лазар)
-хемиски лабораториски техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст: училишта) во учебната 2023/2024 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, и со овој Конкурс.
Условите за запишување на учениците во прва година се:
– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години;
– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
а) гимназиско образование;
б) стручно образование и обука;
г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;
– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.
Критериуми за избор на учениците се:
− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
− средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.
Во средното образование за ученици со посебни образовни потреби се вклучуваат ученици според видот и степенот на попреченост.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште. Овие ученици потребно е да достават и изјава заверена на нотар за етничка припадност.
Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта нема да биде обезбеден, ако избраниот вид образование (струка или насока) го има во општината, односно регионот.
-
Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети и тоа:
За гимназиско образование
– мајчин јазик и математика;
За другите струки
– мајчин јазик и математика.
За ученикот кој ќе се запише во паралелка во стручно образование која е означена со *(соработка со), практичното образование ќе биде со зголемен број часови поминати во компанија.
П Р Е Г Л Е Д на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците реден број.
реденброј |
1. СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ– струка – |
задолжителни наставни предмети |
наставни предмети кои се од значење за струката |
1 |
Eлектротехничка |
– мајчин јазик– странски јазик |
– математика– физика |
2 |
Хемиско – технолошка |
– мајчин јазик– странски јазик |
– математика– хемија |
2. ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ– подрачје / комбинација – |
задолжителни наставни предмети |
наставни предмети кои се од значење за подрачјето |
|
1 |
природно – математичко подрачје (комбинација А) |
– мајчин јазик– странски јазик |
– математика– физика |
2 |
природно – математичко подрачје (комбинација Б) |
– мајчин јазик– странски јазик |
– математика– биологија |
3 |
општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А) |
– мајчин јазик– странски јазик |
– математика– историја |
4 |
општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б) |
– мајчин јазик– странски јазик |
– математика– историја |
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По објавувањето на ранг листатата, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
-пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ
-
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни.
-
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.
-
Првото пријавување на учениците ќе се врши на:
– 20 јуни 2023 г до 24.00 часот и
– 21 јуни 2023 година до 15:00 часот.
Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 јуни 2023 година на https://euslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.
-
Доставувањето на потребената документација до училиштата е на
-22 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на
-23 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
-
Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2023 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
-
Второто пријавување на учениците ќе се врши на
-27 јуни 2023 година до 24.00 часот и на
-28 јуни 2023 година до 15:00 часот.
-
Ранг листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 година на https://euslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.
-
Доставувањето на потребената документација до училиштата е на
-29 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на
-30 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
-
Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
-
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок.
-
Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до 24.00 часот.