ПРВО МЕСТО НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЛОЗОФИЈА

Повторно горди на своите ученици! На Државниот натпревар по филозофија, што се одржа на Филозофски факултет во Скопје на 09.03.2024 год(сабота), нашите ученици под менторство на професор Даниела Гражданлиева постигнаа голем успех со тоа што го освоија првото место:

????Андреа Јовановска IV 5

????Марија Пенкова IV 3

 

Учениците се стекнаа со право да учествуваат на македонскиот натпревар за Меѓународната филозофска олимпијада. Честитки за постигнатиот успех и им посакуваме успех на престојната Филозофска олимпијада!

 

 

 

 

 

 

Видео приказна од медиумскиот клуб ,,Младина”

Медиумскиот клуб ,,Младина” при СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино изработи видео-приказна за мисијата на организацијата ,,Донирај компјутер”. Нивната дејност полна со хуманост и соработка беше инспирација за нашите членови: Кирил Димитров, Ристе Димов, Марија Богоевска, Розалија Станкова и Весна Јаневска да ја создадат оваа видео-сторија што ја нарековме ,,Еден ден во донирај компјутер”. Видео-приказната беше создадена под менторство на проф. Маја Којчева – Величкова, координатор на медиумскиот клуб. Нашиот клуб е еден од десете училиштни клубови од средното образование што се дел од проектот на УСАИД – ,,Младите размислуваат”.

Oпштински натпревар по Биологија

Честитки за постигнатите резултати и вложениот труд на нашите ученици за одржаниот општински натпревар по Биологија. Одржан на 26.01.2024 година во рамките на Македонското Биолошко Друштво.

Ученици:
1. Ивана Тимова II2 (трето место)
2. Ангела Лазова II1 (пофалница)
3. Петар Захарчев II4 (пофалница)
Ментор: Зорица Стојановска
1. Кирил Димитров III4 (второ место)
2. Филип Ѓорѓиев III3 (трето место)
3. Дарко Ѓорѓивски III4 (трето место)
4. Миријана Недева I4 (пофалница)

Ментор: Валентина Манчева