Распоред за комбинирана настава
Учебна 2020/2021 година
I и III-РАСПОРЕД-ЗА-КОМБИНИРАНА-НАСТАВА-2020-2021
II и IV-РАСПОРЕД-ЗА-КОМБИНИРАНА-НАСТАВА-2020-2021
Веб страна на училиштето
Распоред за комбинирана настава
Учебна 2020/2021 година
I и III-РАСПОРЕД-ЗА-КОМБИНИРАНА-НАСТАВА-2020-2021
II и IV-РАСПОРЕД-ЗА-КОМБИНИРАНА-НАСТАВА-2020-2021
Покрај онлајн наставата, нашите ученици неуморно продолжија со своите активности. Неколку ученици од нашето училиште зедоа учество на конкурсот за средношколски есеи распишан од страна на Меѓународниот Славјански Универзитет “Г. Р. Державин”. Тие се здобија со уште едно позитивно искуство.
Ученичките Невенка Дишева, Емилија Сотировска и Камелија Митрова добија сертификати под менторство на професорката Снежана Ристова, ученичките Антонела Ставровска, Зорица Нацева, Јована Мечева и Радица Златева под менторство на професорката Маја Тефова и Елена Ефтимова и Милена Камчева под менторство на професорката Љубица Златановска.
Нивните есеи се дел од книгата “Средношколски размислувања 4” издадена од универзитетот. Со своите есеи имаа можност да ги искажат своите мисли за сите сфери од животот и да ги надоградат своите знаења.
Нашите ученички, Јована Анѓелковска и Елена Тимова, беа дел од тренингот за тренери на тема Медиумска писменост во рамките на „Хаштаг медиумска писменост“, којшто беше спроведен од Прогрес Плус. Истиот се одржа во Хотел „Бисер“, Струга од 4 до 6 септември.
Ученичките заедно со свои врсници од Кавадарци се стекнаа со вештини за едуцирање на тема медиумска писменост. Почитувајќи ги сите мерки за заштита за време на пандемија ги проследија сите интерактивни предавања.
Јована и Елена беа задоволни од овој тренинг и ќе се обидат стекнатото знаење да го пренесат на своите соученици кога ќе започне новата учебна година.
Би сакале да Ве информираме дека претседателот Стево Пендаровски објави повик за признанието „Успешни Млади“.
Признанието го доделува претседателот на Република Северна Македонија како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во Република Северна Македонија.
Признанието се доделува за резултати постигнати во текот на 2019 година, во осум (8) категории:
Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2019 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.
Право на учество имаат сите граѓан(к)и на Република Северна Македонија што ги исполнуваат наведените услови во објавениот повик. Потребните материјали заедно со биографија и со уверение за државјанство на Република Северна Македонија е потребно да се достават во еден печатен и еден електронски примерок (УСБ или wetransfer линк) до Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија или на uspesnimladi@president.mk, најдоцна до 18.09.2020 година.
За подетални информации, обратете се на следната мејл адреса: s.bukla@president.mk, и на телефонскиот број 070 409 181.
Се надеваме на интерес за конкурирање за сите категории наведени во објавениот повик.
Линк од повикот: https://pretsedatel.mk/uspesnimladi2019/?fbclid=IwAR3HojDiWJr4Nbb6gkRbwxScZEkfPcyjl-KuyrJs2Hoir2Utl4SXdBRclck
Во тек е и конкурс за втор циклус студии чии рокови за пријавување се: прв уписен рок од 01.10.2020 до 23.10. 2020 година, втор уписен рок од 02.11. до 30.11. 2020 година, како и конкурс за трет циклус студии: прв уписен рок 21.09.2020 до 30.09.2020 и втор уписен рок од 23.10. до 29.10.2020.
Од страна на училиштето треба да бидат преземени низа мерки за заштите на децата и вработените, а една од нив е и изјаснувањето на родителите, кој вид на настава го избираат:
На ден 13.08.2020 година, но и во текот на распустот, во нашето училиште се одржа акција под мотото “Разубавување и расчистување на училишниот двор”.
Огромна благодарност до сите што учествуваа во акцијата, но посебна благодарност до учениците членови на ЕКО во нашето училиште.
Министерството за образование и наука објави повик за аплицирање за еднократна финансискa поддршка од 3.000 денари за купување училишен прибор за ученици запишани во јавните средни училишта во 2020/2021, кои се од семејства со ниски примања, согласно со уредбата со законска сила донесена во јуни.
Финансиска поддршка за купување на училишен прибор се доделуваат на ученици кои се државјани на Република Северна Македонија, запишани како редовни ученици во јавните средни училишта во Република Северна Македонија во учебната 2020/2021 година, постари од 16 години на денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила и се членови на семејно домаќинство во кое остварениот просечен месечен доход во семејството по сите основи за 2019 година не е поголем од просечната исплатена нето плата по вработен за месец март 2020 година, објавена од Државниот завод за статистика, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи (во натамошниот текст: ученици).
Училишен прибор, се: тетратки, листови за боење (блок за цртање), прибор за пишување, прибор за боење, бои, училишни торби (ранци), гуми за бришење, острилки за моливи, прибор за пенкала и моливи, технички моливи, калкулатори, глина за моделирање, линијари, шестари, лектири, брајова хартија, како и спортска опрема (спортски обувки и спортска маица и спортски панталони) за потребите на наставата за спорт и спортски активности.
Начин на пријавување
Учениците кон пријавата до Министерството за образование и наука во печатена форма или преку интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, односно www.digjitalizohu.mon.gov.mk ги доставуваат/прикачуваат следните докази:
– потврда од училиштето дека е редовен ученик запишан во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година,
– за финансиската состојба на семејното домаќинство на ученикот, односно неговото потесно семејство,
– потврда за последна остварена плата на вработените членови на семејно домаќинство за 2019 година (за родителите – старатели вработени во државни и јавните установи да се достави/прикачи потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите – старатели вработени во приватни фирми да се достави/прикачи потврда за плата како и заверена декларација за плата); за пензионираните членови на семејството да се достави/прикачи документ за висина на пензија – чек; за разведени родители да се достави/прикачи доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен доход, за корисници на социјална помош да се достави/прикачи последно решение или последен чек,
– изјава за користење на личните податоци на ученикот и неговото потесно семејство (родители – старатели, браќа, сестри), со која ученикот се согласува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка.
Рокот за пријавување на учениците на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, односно www.digjitalizohu.mon.gov.mk или доставување на документите во Министерството за образование и наука трае до 17.08.2020 година.
Министерството за образование и наука изготвува Листа на корисници на средства за купување на училишен прибор и ја објавува на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, односно www.digjitalizohu.mon.gov.mk најдоцна до 10 септември 2020 година и ја доставува до банките издавачи на домашна платежна картичка.
Симона го избра нашето училиште, направи консултација за можностите и капацитетите на објектот, струките и наставниот кадар, а истовремено го претстави и на Градоначалникот на Општина Неготино, од каде се наиде на целосно разбирање и расположение за работа, за проект, кој тогаш беше во почетна фаза.
Се надеваме дека проектот ќе го реализираме до крај, со што ќе имаме придобивка како училиштето така и дел од бизнис секторот.
На нашата млада сограѓанка Симона ќе и посакаме: многу проекти, награди и перфектна кариера во областа на науката која ја има избрано како нејзин животен предизвик.