УПИС

И Н Т Е Р Е Н  К О Н К У Р С
за запишување ученици во СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ НЕГОТИНО
за учебната 2021/2022 година

I.БРОЈ НА УЧЕНИЦИ И ПАРАЛЕЛКИ

Во прва година ќе се запишат 297 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:

  • Гимназиско образование – 102 ученици, 3 паралелки, 60 поени минимум мак 102 уч. 3 пар.
  • Гимназиско образование – 34 ученици, 1 паралелкa, 60 поени минимум (македонско – француска билингвална паралелка) мак 34 уч. 1 пар.
  • Електротехничка струка – 102 ученици, 3 паралелки
    -електротехничар за компјутерска техника и автоматика мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 55 поени минимум /
    –електротехничар – енергетичар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
  • Хемиско – технолошка струка, 59 ученици, 2 паралелки 
    прехранбен техничар *(соработка со компании, ШИШКОВИ-Д ДОО Неготино, ФРУКТА ДОО Неготино, ВЕНЕЦ АД Неготино, ШУГАР АРТ ДООЕЛ Неготино, КИНГДОМ ДООЕЛ Неготино, ПИВКА 2002 ДООЕЛ Неготино, РОСАЛ ДС ДООЕЛ с.Долнени, НУТЕЛА ЛЕОН ДООЕЛ Неготино, БОВИН ДООЕЛ НЕГОТИНО) мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
    хемиски лабораториски техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст: училишта) во учебната 2021/2022 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, Законот за спортска академија, Законот за Математичко – информатичка гимназија и со овој Конкурс.

Условите за запишување на учениците во прва година се:

– да имаат завршено основно образование;

– да не се постари од 17 години;

– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:

а) гимназиско образование;

б) стручно образование и обука;

г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;

– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

 Критериуми за избор на учениците се:

− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

− средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.

П Р Е Г Л Е Д

на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумитеза рангирање на успехот на учениците

С Т Р У К А

се задолжителни од значење за струката, односно изборното подрачје

1. Гимназиско образование:

-Природно – математичко подрачје (комбинација А)

-Природно – математичко подрачје (комбинација Б)

-Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А)

-Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б)

-мајчин и странски јазик

-математика, физика

-математика, биологија

-математика, историја

-математика, историја

2.Електротехничка

-мајчин и странски јазик

– математика, физика

3.Хемиско-технолошка

-мајчин и странски јазик

– хемија, математика

Во средното образование за ученици со посебни образовни потреби се вклучуваат ученици според видот и степенот на попреченост.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и 51 вештини во соодветното училиште.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта нема да биде обезбеден, ако избраниот вид образование (струка или насока) го има во општината, односно регионот.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети и тоа:

– за гимназиско образование – мајчин јазик и математика;

– за другите струки – мајчин јазик и математика.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:

– За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени

– За освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени,

– За II место – 2 поени и за III место – 1 поен.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени.

Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4). Утврдениот минимум број поени за првото пријавување е составен дел на овој Конкурс.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците ги поднесат следните документи:

– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);

– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;

– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот,на 15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и  на 17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 21 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 21 јуни 2021 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот  и на 25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот,  согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Квалификационото тестирање за второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни 2021 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 23 август 2021 година за што доставуваат доказна документација.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ
                 „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ НЕГОТИНО