Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2025/2026 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби. Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ брoj 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 229/2020), Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 3/25), Законот за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ брoj 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/2016 и 142/2016 и 64/2018) и Законот за Математичко – информатичка гимназија („Службен весник на Република Македонија“ брoj 64/2018), запишувањето ученици во јавните средни училишта се врши по пат на Конкурс кој го објавува Министерството за образование и наука. Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2025/2026 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование со четиригодишно траење, стручно образование за занимање со тригодишно траење и стручно оспособување двегодишно траење), средно уметничко образование, средно образование за ученици со посебни образовни потреби и гимназиско образование во Математичко – информатичка гимназија. Наставата во јавните средни училишта се изведува на македонски јазик и кирилско писмо. За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница. Паралелките во стручно образование кои се означени со * се дуални паралелки
И Н Т Е Р Е Н К О Н К У Р С
за запишување ученици во прва година
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – НЕГОТИНО
за учебната 2025/2026 година според утврдени наставни планови и програми ќе се запишат следниот број ученици:
I. Во средното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ – Неготино за учебната 2025/2026 година според утврдени наставни планови и програми ќе се запишат следниот број ученици:
Во прва година ќе се запишат 254 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
- Гимназиско образование – 34 ученици, 1 паралелкa, 60 поени минимум мак 34 уч. 1 пар.
- Гимназиско образование – 34 ученици, 1 паралелкa, 60 поени минимум (македонско – француска билингвална паралелка) мак 34 уч.1 пар.
- Сектор Електротехника и информатички технологии – 93 ученици, 3 паралелки
– електротехничар за компјутерска техника и автоматика – мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр., 55 поени минимум
– електротехничар – енергетичар – мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр., 45 поени минимум
– електротехничар за компјутерска техника и автоматика *во соработка со компании – мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр., 55 поени минимум
- Сектор Хемија и технологија, 59 ученици, 2 паралелки
– прехранбен техничар *во соработка со компании – мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр, 45 поени минимум
– хемиско лабораториски техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
- Сектор Економија, право и трговија, 34 ученици, 1 паралелка
– техничар за е-трговија и дигитален маркетинг – мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум
II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст: училишта) во учебната 2025/2026 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, Законот за спортска академија, Законот за Математичко – информатичка гимназија и со овој Конкурс.
Условите за запишување на учениците во прва година се:
– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години, а ученик со посебни образовни потреби да не е постар од 25 години;
– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
а) гимназиско образование;
б) стручно образование и обука;
в) средно уметничко образование;
г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;
– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.
Критериуми за избор на учениците се:
− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за секторот);
− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за секторот односно изборното подрачје;
− средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.
Во средното образование за ученици со посебни образовни потреби се вклучуваат ученици според видот и степенот на попреченост.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште.
Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта нема да биде обезбеден, ако избраниот вид образование (сектор или квалификација) го има во општината, односно регионот.
- Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети и тоа:
За гимназиско образование
– мајчин јазик и математика;
За другите сектори
– мајчин јазик и математика.
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за секторот), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:
-За освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени,
втора награда или сребрен медал 4 поени
и трета награда или бронзен медал 3 поени.
-За освоено место од државни акредитирани натпревари:
за I место – 3 поени,
за II место – 2 поени
и за III место – 1 поен.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени.
Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).
Утврдениот минимум број поени за првото пријавување е составен дел на овој Конкурс.
ПРЕГЛЕД
реден број |
1. СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – сектор – |
задолжителни наставни предмети |
наставни предмети кои се од значење за струката |
1
|
Електротехника и информатички технологиии |
– мајчин јазик
– англиски јазик |
– математика
– физика |
2 |
Хемија и технологија |
– мајчин јазик
– англиски јазик |
– математика
– хемија |
3 |
Економија, право и трговија |
– мајчин јазик
– англиски јазик |
– математика
– историја |
реден
број |
2. ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ – подрачје / комбинација – |
задолжителни наставни предмети |
наставни предмети кои се од значење за подрачјето |
1 | природно – математичко подрачје (комбинација А) | – мајчин јазик
– англиски јазик |
– математика
– физика |
2 | природно – математичко подрачје (комбинација Б) | – мајчин јазик
– англиски јазик |
– математика
– биологија |
3 | општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А) | – мајчин јазик
– англиски јазик |
– математика
– историја |
4 | општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б) | – мајчин јазик
– англиски јазик |
– математика
– историја |
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По успешното електронско пријавување, учениците во избраното јавно средно училиште ја доставуваат следната документација:
– пријава за запишување (пријавата учениците можат да ја генерираат со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за секторот, насоката, односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
IV.КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука
https://e-uslugi.mon.gov.mk со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
- ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:
* Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 18 јуни 2025 година од 08.00 часот до 19.00 часот и 19 јуни 2025 година од 08.00 часот до 17.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
– Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 23 јуни 2025 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 23 јуни 2025 година, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
* Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2025 година од 00:00 часот до 23:59 часот.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули 2025 година од 10.00 до 19.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 02 јули 2025 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
– Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 4 јули 2025 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 4 јули 2025 година, на јавно место во училиштето.
- АВГУСТОВСКИ УПИСЕН РОК:
– Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места и ги исполнуваат условите пропишани во Конкурсот, после јунскиот уписен рок со две пријавувања.
– Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2025 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски.
– Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август 2025 година од 08.00 часот до 17.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште ја објавува на 22 август 2025 година, најдоцна до 10.00 часот.
По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.
V. НАСОКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Јавните средни училишта се должни интерните огласи да ги објават на јавно место во училиштето најдоцна до 10 април 2025 година, во рамките на вкупниот број на ученици и паралелки утврдени со овој Конкурс.
По првото пријавување, училиштата можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за упис во гимназиско образование, Сектор Економија, право и трговија и Сектор Здравство и социјална заштита, каде намалувањето на утврдениот број на минимум поени не е дозволено.
Училиштата се должни со интерниот оглас за второто пријавување, да ги истакнат утврдените минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма и да го објават до 28 јуни 2025 година.
За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.
Директорот на средното училиште формира Училишна комисија за запишување на ученици, која ја сочинуваат 5 (пет) членови и тоа: директор на училиштето и 4 (четири) членови од редот на наставниците и стручните соработници во училиштето: Претседател на комисијата е директорот на училиштето, а комисијата може да има и заменик претседател и заменици членови.
Училишната комисија одговара за правилно и навремено спроведување на Конкурсот за запишување на ученици во средните училишта во уписните рокови, ја утврдува конечната ранг листа на примени ученици и решава по приговори од ученици по конечната ранг листа, во рок од 12 часа по истакнувањето на истата и ги врши следните надлежности:
– формира посебни комисии (комисија за прием на документи и комисија за рангирање во училиштата)
– објавува интерен оглас согласно овој Конкурс за секое пријавување и го објавува на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница;
– објавува конечни ранг листи на запишани ученици;
-доставува извештаи за пријавени и запишани ученици до Министерството за образование и наука и до општината, односно Градот Скопје;
– ги враќа примените документи (освен пријавата) на учениците кои што не се запишани во училиштето по секое објавување на конечните ранг листи во рок од 24 часа;
– ги утврдува резултатите од организираното квалификациско тестирање;
Комисијата за прием на документи ги врши следните надлежности:
– го организира приемот и врши прием на документи;
– ја проверува комплетноста и исправноста на документите по ранг листите и одговара за примените документи;
– ги архивира примените документи и издава потврда за примените документи;
– дава потребни информации и насоки на учениците и родителите/старателите за запишување на учениците.
Комисијата за рангирање ги врши следните надлежности:
– врши проверка на идентичност на податоците од доставените документи определени во Конкурсот со апликацијата и ја доставува конечната ранг листа до Училишната комисија;
– доставените приговори од учениците/родителите/старателите ги доставува до Училишната комисија;
– ја известува Училишната комисија за потребата од квалификациско тестирање, доколку се пријават повеќе ученици од утврдениот број со овој Конкурс, а притоа имаат ист број поени.
Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број на ученици од предвидените во овој конкурс, а кои ги исполнуваат предвидените услови, се организира квалификациско тестирање. Тестирањето се однесува за сите ученици кои имаат ист број поени и се под и над последниот реден број предвиден за прием согласно конкурсот.
За реализација на квалификациско тестирање во училиште во кое се пријавени поголем број на ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, Министерот со решение формира комисија во состав од 5 члена и тоа:
-два претставника од Министерството за образование и наука,
-два претставника од Бирото за развој на образованието и
-еден претставник од училиштето во кое се спроведува квалификациско тестирање.
Претседател на комисијата е претставник од министерството, а комисијата има заменик претседател и заменици членови.
Квалификациското тестирање на учениците ќе се реализира во средното училиште, а врз основа на испитна програма и тестови изготвени од Бирото за развој на образованието.
Напомена:
– Паралелките кои се со комбинација од две квалификации ќе се оформат со двете квалификации само ако се запишат минимум 25 ученици, во спротивно ќе се оформи паралелка за квалификацијата за која има поголем интерес на ученици согласно позитивните законски норми.
– За квалификациите кои за прв пат се нудат во училиштата, во периодот до 31 мај 2025 година комисија формирана од МОН ќе направи увид за исполнетост на условите за реализација на наставните планови и програми за понудената квалификација.
VI. НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Надзор над спроведување на овој Конкурс врши Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат и овластените просветни инспектори на општините, односно овластените просветни инспектори на Градот Скопје .
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – НЕГОТИНО
Училишна комисија за запишување на ученици