Наставата ги опфаќа сите потребни видови заеднички активности на учениците и наставниците за реализирање на образовните содржини. Во редовната и во воннаставата образовна учебна година се реализира:
- настава по задолжителни предмети,
- настава по изборни предмети,
- задолжителтелни изборни програми,
- проектни активности,
- слободни часови на училиштето,
- содржини програмирани од училиштето,
- стручно изборни предмети,
- практична обука,
- додатна настава,
- дополнителна настава
- и подготвителна настава.
Наставата во училиштето се одвива во две смени.
Наставата се изведува класично ( секоја паралелка има училница). Претпладневната смена започнува во 07.00 часот (прием на ученици од 06.45 до 7.00) и завршува во 12.45 часот, а попладневната смена започнува во 13.15 часот (прием на ученици од 13.00 до 13.15), а завршува во 19.00 часот.
Претпладне Попладне
1 час 7.00-7.45 1 час 13.15-14.00
2 час 7.50-8.35 2 час 14.05-14.50
3 час 8.50-9.35 3 час 15.05-15.50
4 час 9.40-10.25 4 час 15.55-16.40
5 час 10.30-11.15 5 час 16.45-17.30
6 час 11.20-12.05 6 час 17.35-18.20
7 час 12.10-12.55 7 час 18.25-19.10